X
 21.05.2016 Наука

Како Португалија помина 4 дена на обновливи извори на енергија?

Од утрото на 7 мај до попладневните часови на 11 мај, потрошувачката на електрична енергија на Португалија во целост била покриена од обновливи извори.

 

1


Португалија цели 107 часа ја напојуваше својата електрична енергија од биогорива, хидроцентрали, ветерници, соларни панели и геометрална топлина. Но, ова не е прв пат Португалија да се пофали со импресивна статистика за енергијата.

На крајот од 2011 година, неколку часа, потребите за струја на земјата беа исполнети од страна на обновлива енергија. Годишната потрошувачка на обновливи извори на енергија во земјата се зголеми во последниве години. Во 2013 година, Португалија доби речиси 26% од својата електрична енергија од обновливи извори, а во 2014 година таа се зголеми на 64%. Но, поради сушата, изворот на обновлива енергија на Португалија се намали за 50.4% во 2015 година.

Земјата беше пофалена од Меѓнародната агенција за енергетика, чии извештаи велат дека политиките на Португалија се силно насочени кон нејзината амбиција да стане главен играч во примената на обновливи извори на енергија. Португалија треба да се пофали за своите достигнувања и амбиции кога станува збор за обновливите извори на енергија.

Португалија генерира 30% од својата електрична енергија од хидроцентралите, околу една четвртина од ветерот, 6.4% од биогоривата и отпадот, 1.2% од соларната енергија. Производството на енергијата на ветерот се зголеми за повеќе од 600% во периодот меѓу 2004 и 2009 година, а во 2014 година, Португалија беше на второ место, после Данска во производство на енергија преку ветерот.

„Како Португалија успеа да го преземе лидерството за оваа транзиција? Клучот се наоѓа во амбициозните поддржувачки политики“.

Повластените тарифи, кои обезбедуваат производители на обновлива електрична енергија со гарантирана цена за секој мегават-час енергија, беа за прв пат претставениво 1988 година и од тогаш продолжуваат да се развиваат. Исто така, општините домаќини на обновливите извори на енергија добиваат 2.5% од приходите.

Се разбира, португалската храбра иницијатива на обновливите извори на енергија не би биле можни насекаде. Почнувајќи од 2015 година, земјата има население од околу 10.8 милион жители. Но, во споредба со другите земји во Европската Унија, кои се слични со Португалија во однос на населението и географската големина, иницијативата за обновлива енергија во Португалија останува импресивна.

Финансиски, Португалија заостанува зад пакетот, со БДП 27.800 долари по глава на жител во 2015 година: до 30% под просекот на Европската Унија - заедно со Грција, Словачка, Естонија и Литванија. Еден од пет португалски граѓани немаат доволно за храна најмалку еднаш во текот на претходната година. Но, и покрај економските проблеми, Португалија води во обновливите извори на енергија.

„Во последните години, падот на побарувачката, зголемувањето на субвенциите за обновливи извори на енергија доведе до зголемување на трошоците за електрична енергија и како резултат на тоа порасна тарифата на долгот“, вели Меѓнародната агенција за енергетика. Но преку пакетот на мерки, Португалија планира да го елиминира долгот до 2020 година и да обезбеди одржлив систем за електрична енергија.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука