X
 22.05.2016 Технологија

Наскоро од Лондон до Сиднеј за само два часа

Научниците од австралиското Министерство за одбрана успешно лансирале хиперсонично летало кое патува седум и пол пати побрзо од звукот.

 

2


Леталото е дел од проектот наречен „HIFiRE“ (Hypersonic International Flight Research Experimentation), a беше лансирано во Јужна Австралија.

„Успехот кој го постигнавме со тестирањето означува чекор поблиску кон реализирање на ова хиперсонично летало. Овој вид на технологија би можел да значи промена на начинот на кој патуваме, и да ги намали трошоците за патување во вселената“, изјави Д-р Зелински, водечкиот научник од Министерството.

Експерименталната ракета наречена „HIFiRE 5B“, достигна брзина од 9.200 километри на час на висина од 278 километри.

Проектот вреден 54 милиони долари е наменет за истражување на потенцијалот на воздухопловните системи со хиперсонична брзина - летала кои би можеле да патуваат со пет (или повеќе) пати поголема брзина од брзината на звукот, односно околу 6.700 километри на час. Вкупно ќе бидат тестирани околу 10 летала. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија