X
 23.05.2016 Технологија

Дознајте и блокирајте ги сите компании кои ве следат на "Facebook"

„Facebook“ е одлична платформа ако сакате да останете во контакт со пријателите и семејството. Бесплатна е, но се разбира, доаѓа со одредена цена. Ако го користите Фејсбук, тогаш се откажувате од голем број информации за себеси и им ги давате воглавно на рекламните агенции кои ве следат.

 

фб

 
Но повеќето луѓе забораваат дека кога преземате апликација или се логирате на веб страна со вашиот профил на „Facebook“, тогаш на овие компании им овозможувате да го гледаат вашиот профил. Вашиот профил ја вклучува вашата меил адреса и вашиот број како и вашата работна историја и моментална локација. А повеќето луѓе не сфаќаат дека ако тоа го споделувате со вашите пријатели, тогаш и апликациите кои ги користат вашите пријатели можат да ги  видат овие информации.

Рекламните агенти, девелоперите на апликации и ад-технолошките партнери на „Facebook“ не можат да ги видат вашите податоци бидејќи „Facebook“ ги енкриптира сите податоци за да ја заштити вашата приватност. Но, оваа компанија ги продава податоците на компании кои сакаат да ве следат вас и луѓе како вас.

Ако сте загрижени за вашата приватност, тогаш потребно е да го направите следното - линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија