X
 26.05.2016 Технологија

Дали овој уред може да стави крај на нашата опсесија со телефоните?

Каде и да погледнете, луѓето се маѓепсани и опседнати од малите екрани на нивните мобилни телефони.

 

уред


Многу работи се направени во врска со поврзаноста на луѓето со нивните уреди со интернет. Луѓето често велат дека се чувствуваат како да се „голи“  без телефоните со нив.

Но, нов производ од калифорниската компанија „Pebble Technology“ има за цел да стави крај на нашата опсесија со мобилните телефони. Компанијата објави дека за уредот наречен „Pebble Core“ ќе бара средства преку веб страната за финансирање „Kickstarter“.

Компанијата претходно лансира голем број на паметни часовници и „Pebble Core“ е обид да се олесни нашата опсесија со мобилните телефони преку создавање на технолошки производ тогаш кога сакаме да го напуштиме домот без нашиот телефон во нас.

„Уредот ви овозможува музика од „Spotify“, ги следи вашата брзина, далечина и локација со GPS и може да испрати итен СОС доколку е потребно“, велат од компанијата.

Малиот „Android 5.0“ компјутер може да ставен како приврзок за клучеви или можете да го носите во џебот. Уредот има 4 гигабајти  меморија за складирање и може да преземате музички листи од „Spotify“, додека GPS ги следи вашите напори за вежбање. Исто така, може да снима гласовни белешки и има две копчиња кои даваат можност за програмирање на различни задачи како што се повикување на „UberЕ“ или испраќање на порака со вашата локација.

Уредот е дизајниран за да ги обезбеди придобивките од вашиот телефон без ниту една непријатност.

„Не велам дека уредот се обидува да го замени телефонот, туку дека постои и време и место кога телефонот не треба да го земете со вас“, изјави основачот на „Pebble“; Ерик Мигоцовски.

Судејќи според реакцијата на обидот за собирање на средства на компанијата, голем број луѓе се заинтересирани за овој уред. Уредот веќе привлечил 29.000 финансиски поддржувачи и досега има соберено неверојатни 5.4 милиони долари - 5 пати повеќе од првичната цел на компанијата. Со оглед на тоа што кампањата има уште 36 дена, бројката е и повеќе од неверојатна.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија