X
 26.05.2016 Живот

Причина зошто најкреативните луѓе имаат најнеуредни соби

Луѓето честопати веруваат дека местото кое ги опкружува може да открие за каков тип на човек станува збор; чистиот простор значи дека една личност е паметна, додека неуредниот простор покажува дека една личност е мрзелива.

 

soba


Но, истражувања покажуваат дека колку е вашата соба понеуредна, толку сте покреативни.

Некои од најголемите пронаоѓачи, режисери, писатели и музичари имале неуредни простори каде работеле.

Креативноста успева во неуредни средини бидејќи овие видови на соби им овозможуваат на креаторите да пронајдат врски со работите кои никогаш не би ги поврзале претходно. Можеби белешката на вашата маса напишана пред три месеци од саканата личност ќе ве инспирира за следната песна. Можеби валканата кошула на вашето столче ќе ве инспирира да ја пуштите машината за алишта.

Значи, следниот пат кога некој ќе ве критикува дека сте неуредни и дека треба да си ја исчистите собата, кажете им дека креативните брилијантни умови како Марк Твен, Салвадор Дали и Алберт Ајнштајн никогаш не ја чистеле својата соба, а отсекогаш се сметале за генијалци.

Мислите дека Моцарт имал време да ги бара исти чорапи? Не! Тој работел деноноќно на неговите ремек дела. Во продолжение ви нудиме интерактивно видео кое покажува кои познати луѓе никогаш не средувале.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот