X
 26.05.2016 Наука

Што кажале Ајнштајн и Хокинг за патувањето низ времето?

Патувањето низ времето долго било тема на научно-фантастичните дела. Но, колку сме блиску до реализирање на истото?


Астрофизичарот Стивен Хокинг неодамна го претстави својот најнов проект со кој група мали ракети ќе бидат испратени до најблискиот ѕвезден систем до нашиот користејќи нова ласерска технологија со брзина од милиони километри на час. Претходно, патувањето дотаму би било завршено за 20.000 години, но Хокинг тврди дека револуционерните ракети ќе го завршат патувањето за само 20 години.

Што доколку времето воопшто не беше пречка?

Според теоријата за релативност на Алберт Ајнштајн, маса која патува со брзина на светлината потенцијално може да патува низ времето. Времето е еластично, па може да биде растегнато или стеснато со движење.

Временската дилатација е докажана, со што се покажува дека времето се движи побргу за статичните часовници отколку за подвижните. Поради ова, часовникот на Меѓународната вселенска станица отчукува поспоро отколку оние на Земјата. За нас на Земјата, астронаутите патуваат во иднината, точно 38 микросекунди дневно се пред нас.

Сепак, технологијата за временско патување се` уште не е создадена.

За да се започне да се работи на таква технологија, треба да се докаже постоењето на црвоточините. За разлика од црните дупки, овие таканаречени „црвји дупки“ имаат два влезови и овозможуваат патување низ време-просторот. Ајнштајн претпоставил дека овие дупки може потенцијално да поврзуваат две точки во време-просторот.

Сепак, црвоточините никогаш не биле забележани, а доколку постојат, се претпоставува дека се многу, многу мали.

По потврдувањето на постоењето на овие дупки, би требало да ја развиеме технологијата со која би можеле да влеземе во нив со брзина на светлината. Според Ајнштајн, времето успорува кога дадена маса се приближува до брзинатата на светлината.

Потоа, исто според теоријата за релативност на Ајнштајн, патот во иднината би барал големо гравитациско поле бидејќи гравитацијата влијае на разликата во поминатото време. Научниците сметаат дека површината на црните дупки ги имаат условите за ова.

Сепак, треба да земеме предвид дека црните дупки имаат влез, но ништо не излегува од нив, па патот во иднината би можел да значи никогаш враќање во минатото. Токму затоа, црвоточините (со два влезови) се подобра опција, доколку се докаже дека постојат.

Вистина е дека се` уште има време пред човекот да патува во времето, но некои научници се оптимисти и сметаат дека би можело да се случи релативно наскоро.
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука