X
 27.05.2016 Култура

Историјата на "Game of thrones": Децата на шумата и Белите шетачи

деца

 

Со доаѓањето на шестата сезона на „Game of thrones“ се отвораат голем број прашања за историските настани, од комплексната и контроверзна историја на Вестерос, до оние кои би можеле да ни кажат нешто повеќе за целата приказна.


Со сезоната во полн замав, потребно е да погледнеме малку подлабоко во она што го знаеме за ликовите и настаните важни за серијата.

Децата на шумата и Белите шетачи

Оваа сезона дознавме дека Децата на шумата ги создадоа Белите Шетачи - од самите луѓе за да се борат против луѓето.

Но, зошто им била потребна заштита на Децата на шумата? За да се одговори ова прашање потребно е да се вратиме во времето кога Вестерос воопшто не беше населен, за време на Добата на зората.

„Никој не е невин во овој свет, и постои нешто навистина убаво во врска со идејата дека најголемите непријатели на човештвото беа создадени за да се заштитат Децата на шумата од човештвото“ - Дејвид Бениоф

Првите луѓе се населиле во Есос пред 12.000 години на земјата која денес е позната како Дорн, но пред нивното пристигнување тука живееле Децата на шумата и Џиновите во свет без градови или владетели во кој еднорозите се движеле по земјата. Не знаеме од каде дошле или колку долго живееле без луѓето, но знаеме дека тие ги славеле неименуваните богови на земјата, и ги цртале нивните ликови во дрвјата во нивна чест, и користеле магија за да се борат.

 

2


Децата отсекогаш биле мали во физичкиот раст како и населението.  Но, недостатокот во големината го надоместувале со мудроста, моќта на нивните сетила и прекрасните пејачки гласови.

Кога Првите луѓе дошле, тие не дошле мирно туку се бореле со децата 2.000 години. Тие јавале коњи, користеле бронзени мечеви со штитови од кожа; тие формирале градови, сечејќи ги нивните свети дрвја. Нивниот супериорен број и напредната технологија направи да се посилни и да имаат превласт.

Но, Децата ја искористиле нивната магија за да ја пробијат масата која ја предводеле Првите луѓе во Дорн, за да спречат дополнителен премин на нивна територија.

После борба која траела 2.000 години Децата и Првите луѓе потпишале Пакт на островот на лицата, мировен договор, со кој се ставило крај на војната и Добата на зората. Првите луѓе ги прифатиле безимените богови на децата (познати како стари богови) и двете раси живееле во мир 4.000 години.

 

3


Во текот на временскиот период познат како Ера на Хероите биле изградени големите дворци на Вестерос, а биле формирани значајни семејства и царства.

Токму овој период се случила и Долгата ноќ. Последниот херој, со помош на Децата ги поразил Белите шетачи на Битката на Зората, туркајќи ги во студените земји и далечниот север.

Но, тука нешто не се вклопува.

Ако Децата на шумата ги создале Белите шетачи за да им помогнат да се борат против Првите луѓе, тогаш зошто Долгата ноќ се случила 2.000 години откако двете страни склучиле мир? Дали Децата и нивното мало население се исплашило дека ќе биде окупирано од човештвото, создавајќи ги Белите шетачи како армија која би можела да ги порази луѓето без Децата да го прекршат договорот? Тие веројатно мислеле дека ќе можат да го контролираат нивното ново оружје, па откако човештвото било елиминирано од посилната и постудена верзија од себеси, Децата мислеле дека ќе можат да се справат со нив и да се вратат на својата земја.

 

4


...Или пак можеби на Белите шетачи едноставно им било потребно долго време за да ја состави армијата? Додека тие можат да создадат гигантска војска со зомби, вистинските Бели шетачи, оние кои можат да бидат победени само со Валириски челик, се неколку и доста далеку. Возможно е Белите шетачи илјадници години да ја создавале нивната армија, во време кога Децата и Првите луѓе склучиле мир.

Исто така, возможно е Децата никогаш да не го прифатиле или да не му верувале на договорот за мир. Или пак договорот бил начин Децата да „купат“ време за да можат да ја продолжат војната.

Како и да е, кога децата ги создале Белите шетачи тие всушност создале нови суштества над кои изгубиле контрола и самите се ставиле под ризик. Па, кога дошла Долгата ноќ, Децата се соочиле со уште поголема опасност - дури и посилен тип на луѓе, такашто немале избор освен да се борат против нив со Првите луѓе. Со поразот на Белите шетачи за време на Долгата ноќ, Децата на шумата им ветиле на „Night's watch“ 100 ножеви со кои ќе можат да ги убијат Белите шетачи. Ова значи дека Белите шетачи биле само поразени, но не и елиминирани.

Како и да е, возможно е Децата да ги создале Белите шетачи не за да ги поразат Првите луѓе, туку да имаат оружје за следните луѓе кои можеби ќе дојдат. Тие склучиле мир со првите напаѓачи, но светот бил полн со многу луѓе, а Децата се плашеле од следната инвазија. И оваа инвазија навистина дошла, и ги избркала Децата од нивниот дом - Андалите.

Кои се Андалите?

Андалите, со нивните оружја дошле во Вестерос од Тесното море пред 6.000 години, прво застанувајќи во Долината на седумте ѕвезди на нивната религија (новите богови). Оваа следна група на освојувачи на крајот ги уништиле Децата, иако и Првите луѓе се бореле против Андалите (Првите луѓе успеале само да го задржат Северот за себе, а повеќето од шесте кралства се полни со семејства со крвта на Андалите и Првите луѓе).

 

4


Децата се повлекле далеку северно од ѕидот и повеќе не се сметале за дел од Вестерос - на крајот станале легенда за мажите и жените кои живееле таму. Со тоа, биле во право кога мислеле дека човештвото било нивниот непријател. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура