X
 27.05.2016 Живот

Викенд временска прогноза: Температури до 34 степени

Денес е петок, 27 мај 2016 година, 148-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:48, а ќе зајде во 20:01 часот. Денот ќе трае 15 часа и 2 минути


 Ова утро небото над Македонија е ведро па имаме сончево и топло утро. Поради влијанието од поле на висок воздушен притисок сончево ќе биде во текот на целиот ден, а поради продор на топла воздушна маса од југ ќе имаме и повисоки дневни температури. МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес ќе биде претежно сончево, ветровито и потопло. Иако сеуште ќе дува доумерен северен и северозападен ветер тој постепено ќе слабее и денес ќе достигне брзина до 20 км/ч. Утринските температури од 5 до 14 степени, додека пак максималните ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 20 односно до 30 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.


СКОПЈЕ - Во Скопје во петок сончево и потопло. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна ќе достигне до 28 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во наредните денови ќе можеме да уживаме во сончевото и многу топло време за овој период од годината, како подготовка за почетокот на летото, засега само на климатолошкото кое започнива од 1 јуни. Во сабота сончево и топло со температури од 22 до 32 степени. Во недела претежно сончево со локална облачност и дневни температури од 25 до 34 степени. Во понеделник и вторник ќе продолжи сончевото и топло време, но максималните температури ќе бидат во благо опаѓање и ќе се движат од 23 до 32 степени, односно од 22 до 31 степен.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот