X
 28.05.2016 Образование

Анџелина Џоли станува професорка на угледен универзитет

џоли

 

На лондонскиот универзитет oд август започнува да предава како професорка познатата актерка Анџелина Џоли. На престижната Лондонска школа за економија и политички науки, Џоли ќе предава како дел од новоформираната програма за студии „Жените, мирот и безбедноста“.


Како што е најавено на нивната официјална веб страна, актерката, како специјален пратеник од ОН за бегалците, на школата е избрана меѓу четирите професори кои ќе бидат гости и ќе предаваат како дел од програмата.

Во соопштението се вели дека Анџелина е воодушевена од оваа програма и дека се надева дека програмата ќе ја применат и други високообразовни институции, истакнувајќи ја важноста за проширување на дискусијата и унапредување на правата на жените како и ставање крај на неказнувањето на злосторствата врз жените, а во прв ред се наоѓа сексуалната злоупотреба на жените. Заедно со Анџелина, ќе предаваат и некогашниот британски министер за надворешни работи Вилијам Хејг, Џејн Конорс и Медлин Рис.

Како дел од програмата, гостите ќе имаат обврска да држат предавања, да организираат работилници и да учествуваат во јавни настани со студентите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование