X
 29.05.2016 Живот

Турист мора да плати 150 евра за нешто што сите го правиме на плажа

турист

 

Еден турист морал да плати казна од 150 евра откако го ставил својот чадор за да си зачува место на плажата во Шпанија. Тој во раните утрински часови го ставил својот чадор на плажата Ел Кура во одморалиштето Торевиеха за да си обезбеди место.


Локалните жители ова го сметале за „пречка при чистење на јавните површини“ и го казниле човекот, иако тој тврдел дека бил на плажа и пливал кога тие го пронашле неговиот чадор.

Инцидентот се случил во септември минатта година, но дури сега градскиот совет донел одлука поставувањето на чадорите се коси со општинските прописи кои забрануваат резервирање на место. Туристот поднел жалба поради казната, но било одлучено дека сепак мора да плати 150 евра.

Од сега па натаму, во периодот помеѓу три и осум наутро забрането е  да се употребуваат крпи, чадори и столици за резервирање на места на плажата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот