X
 29.05.2016 Живот

Ученици дизајнираа евтини куќарки за бездомниците

Група на средношколци дизајнираа евтини засолништа кои нудат удобно и одржливо сместување за бездомниците.

 

1


За помалку од 1.000 долари, учениците од Стоктон, Калифорнија дизајнираа микро домови во форма на заоблен триаголник, кои можат да им помогнат на бездомниците. Ентериерот можеби и не нуди некој голем луксуз, меѓутоа овозможува безбедно место за милион луѓе кои живеат на улица насекаде низ светот.

 

2


Фотографиите се од првиот прототип на учениците наречен „Habitable Urban Tent (HUT)“. Сегашниот прототип е направен од дрво и метал, но учениците се надеваат дека ќе ги прошират нивните производствени капацитети и ќе создадат дизајн кој ќе користи полиетилна школка.

 

3

4



Секоја куќарка ќе содржи кревет, а просторот е минимизиран со цел да се создаде ефективно станбено решение. Учениците велат дека тие се одлучиле за триаголна куќарка не само за таа да добие дополнителна сила, туку и да се намалат материјалните трошоци и да се зголеми главната соба. Предностите на овие куќарки се тоа што се лесни да се соберат. Овој дизајн може да претставува одржливо решение за растечкиот број на бездомниците, без да се создаде товар на околните заедници во врска со трошоците.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот