X
 02.06.2016 Живот

Огромен алигатор се појави на терен во САД

Сцената изгледа како дел од филм, но овој импозантен алигатор не е дел од некоја филмска приказна.


Играчите на еден голфски терен на Флорида се исплашиле кога во текот на играта го виделе огромното животно како шета на тревата. Еден од играчите го снимил алигаторот како се сонча и шета низ теренот, а видеото го објавил на социјалните мрежи.

На почетокот, играчите помислиле дека се работи за скриена камера и дека станува збор за костум од алигатор, но набргу биле убедени дека тоа е вистински алигатор.

Локалните жители изјавуваат дека тоа не е необично и дека алигаторот е редовен посетител на теренот и дека нема причина за страв бидејќи овие животни не ги напаѓаат луѓето доколку не чувствуваат дека се во опасност.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот