X
 03.06.2016 Култура

Кој е човекот кој го глуми "Ugly naked guy" од серијата "Friends"?

гол

 

На сите други оваа информација ќе им звучи вознемирувачки чудно, но оние кои беа и се'уште се фанови на „Friends“ - откриено е кој е „Ugly Naked Guy“ односно Грдиот гол човек.


Да, 12 години откако серијата заврши еден новинар конечно дознал кој е човекот во кој Рејчел, Рос, Моника, Чендлер, Џои и Фиби постојано зјапаат низ прозорецот на нивниот стан, кој ние всушност никогаш не сме имале шанса добро да го погледнеме, барем не неговото лице.

„Пред повеќе од година дена се вплеткав во нешто што во меѓувреме стана најважниот истражувачки подвиг на мојата долга кариера: пронаоѓањето на грдиот гол човек“, пишува Тод Ван Лулинг, новинар од „The Huffington Post“.

 

Тој прво побарал помош од филмската екипа, режисерот и кастинг агентот. Два пати стапил во контакт со агенцијата која била задолжена за статистите во „Friends“. Конечно некој од агенцијата успеал да го пронајди глумецот.



„Конечно, година дена откако започна моето истражување, бев на телефон со овој човек. Неговото име е Џон Хауген“, пишува Лулинг.

Хауген објаснил зошто сите овие години не откривал кој е, иако голем број фанови се запрашуваат кој беше дебелиот човек кој Рејчел и нејзините пријатели постојано го набљудуваа.

„Причината зошто никогаш н го открив мојот идентитет е затоа што ни „Warner Brothers“ сите години не го откриваа. Сакаа сите да се прашуваат кој сум јас. Во голата сцена со Рос и двајцата носиме боксерки, иако тоа изгледаше како да сме целосно голи. На почетокот ми беше малку непријатно, бидејќи освен екипата од сетот, во мене зјапаа 500 луѓе од публиката која секогаш беше таму. Но, после две минути се навикнав“, вели Хауген.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура