X
 03.06.2016 Образование

Нил Деграс Тајсон открива како училиштата можат да го подобрат предавањето по наука

Ако некој знае како да ја направи науката поинтересна и позабавна, тогаш тоа е астрофизичарот Нил Деграс Тајсон.

 

nil


Во неодамнешен разговор со Дејвид Фриман, уредникот за влијание и иновации од „The Huffington Post“, Тајсон одговара на прашањето за тоа што им фали на курсевите по наука во американските училишта. Тој вели дека образовниот систем е премногу фокусиран на тоа учениците да ги запомнат информациите, такашто постои голема веројатност да го заборават тоа, наместо да учат аналитички вештини.

„Често мислиме дека ученикот влегува во училницата со празен ум, а потоа наставниците им ги полнат главите со знаење, и после тоа тие се едуцирани. И наеднаш, тренирани сме како да мислиме, како да анализираме, како да ја процесираме информацијата и како да ја процениме информацијата“, вели тој.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование