X
 05.06.2016 Образование

Бесплатна шанса за студентите да ги претворат своите идеи во бизнис

Во 2016 година, секој успешен професионалец и секој студент има идеја за апликација. Но, проблемот е што има помалку програмери отколку идеи. Истовремено, трендот за основање компании уште во студентските години зема замав. Студентите учат како да бидат претприемачи и размислуваат како да создадат работно место наместо да го бараат. Тоа е особено точно во странство.


Студентите кои го имаат претприемачкиот дух и имаат идеи за апликации, но не и програмерските вештини, отсега може да добијат бесплатен пристап до платформа за правење апликации. „Bizness apps“ е платформа на која може да направите апликација од нула. Секој кој има профил на студентска интернет-страница која завршува на .edu има бесплатен пристап до платформата. Во првите неколку месеци, околу 30.000 студенти веќе се регистрирале на платформата.

Што точно добиваат студентите со оваа платформа?

Алатки за создавање апликација за сопствена компанија или можност за наоѓање решение и продажба на апликации на локални мали бизниси, што може да биде бизнис.

Зошто компанијата бесплатно дава алатка која се наплаќа за сите освен за студентите?

Пред се`, основачите на „Bizness apps“ биле на факултет кога ја основале компанијата. Ендрју Газдецки, еден од основачите, објаснува дека основањето компанија на факултет му го сменило животот и дека сака да им помогне на студентите да го доживеат истото.

Секако, промоцијата на компанијата расте со бројот на студентите кои ја користат платформата, но главната цел на компанијата е да им помогне на студентите да започнат бизнис. Платформата не е толку добра како и учењето програмирање, но за многу студенти, ова може да значи почеток на нешто подобро и поголемо или да им понуди можност да најмат програмери во иднина.

Студентите може да се регистрираат ОВДЕ, се` додека ја користат електронската адреса на факултетот. Регистрирајте се пред 1 септември за да добиете бесконечен бесплатен пристап.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование