X
 06.06.2016 Технологија

Хакирани профилите на Цукерберг на "Twitter", "Pinterest" и "Instagram"

Основачот на „Facebook“, Марк Цукерберг веќе долго време е мета на хакерите кои вчера успеале да хакнат неколку негови социјални профили.

 

профил


Неговиот профил на „Facebook“ не беше помеѓу компромитираните - хакнати беа неговите профили на „Pinterest“, „Twitter“, и „LinkedIn“.

Се чини дека хакерите исто така се обидоа да го хакнат и неговиот профил на „Instagram“ но безбедносните системи ги спречија хакерите да пристапат до профилот.

Минатиот месец имаше масивно пробивање на меиловите и лозинките на „LinkedIn“, кои се сметаат дека датираат од пробивањето назад во 2012 година.

Не е јасно дали инцидентот со хакирањето на профилот на Цукерберг е поврзано со хакирањето на податоците и лозинките на „LinkedIn“, но возможно е со оглед на времето на хакирањето, и фактот што хакерите испратија порака: „Hey @finkd [Zuckerberg’s Twitter account name], you were in Linkedin Database“.

Возможно е Цукерберг да ја користел истата меил адреса и лозинка за повеќе профили на социјалните мрежи, и со тоа да им олеснил на хакерите да ги хакираат неговите профили. Користењето на истата лозинка е стандардна човечка грешка, меѓутоа се чини дека и извршниот директор на најголемата социјална мрежа прави вакви пропусти.

Портпаролот на „Facebook“ не сакаше да даде коментар за хакирањето.

Минатиот месец „Twitter“ профилот на Кејти Пери беше исто така хакиран.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија