Истражувачите од Универзитетот Харвард создадоа систем кој им овозможува да ја складираат енергијата од сонцето, претворајќи ја сончевата енергија во хемиска, со користење на хибриден механизам на неорганска хемија и живи организми.
Споредувајќи го нивниот изум со природниот процес на фотосинтеза, тие велат дека нивото на ефикасност што го постигнале далеку ги надминува другите слични системи, вклучувајќи ја и самата фотосинтеза.
Трудот, објавен во списанието „Science“, го опишува истражувањето како решава две основни цели: зачувување на сончевата енергија, а не само претворање за употреба, како и градење на нешто корисно од јаглерод диоксид во атмосферата, со што се намалуваат стакленичките гасови.
„Мислам дека ова е доста возбудливо истражување. Претворањето на сончевата светлина во хемиски горива со висока ефикасност е нешто како свет грал за обновливиот извор на енергија“, влеи Јоханес Лижнер од Кралскиот колеџ во Лондон, кој бил дел од истражувањето.
Системот работи на следниот начин: поставена е тегла која содржи повеќе од две електроди, „Ralstonia eutropha“ бактерија и вода. Електричната енергија се пренесува преку електродите кои ги распаѓаат молекулите на водата, ослободувајќи водороден гас.
„Одлучивме да ги искористиме предностите на бактеријата која го апсорбира хидрогенот и јаглерод диоксидот и да ги искористиме да пораснат“.
Како што растат, овие организми произведуваат одредени соединенија. Бактеријата може да биде генетски инженирана за да се направат корисни работи како алкохол и пластични прекурзори.
Кога научниците за прв пат започнале ваков вид на експерименти, уште во 1960 година, успеале само да постигнат ефикасност од околу 1%, во однос на претворањето на сончевата енергија во биомасата.
Најновото истражување ја зголемува оваа бројка до 10%, со што вреди да се размислува за воведување во реалниот свет.
„Фактот што ова истражување ја надминува оваа бројка е ветувачки, но прашањето е дали би можело да функционира како уред во реалниот свет?“, вели Д-р Лишнер.
Истражувачите разговараат за користење на механизмот во земјите во развој, каде пристапот до инфраструктурата за зачувување и пристап до енергијата може да биде ограничен, а се поставува и прашањето дали овие биолошки системи можат да преживеат во области како на пример, пустината Сахара. Но, како што вели Лишнер, останува да се докаже примената во реалниот свет и инсистира дека трудот доста ветува.
Истражувањето дури има и потенцијал да наговести чекор напред во напорите за намалување на јаглерод диоксидот во атмосферата на светско ниво и да се претвори во нешто корисно.