X
 07.06.2016 Наука

Математичар создаде машина која може да го победи рулетот

Кога станува збор за казината, не е тајна дека куќата секогаш победува. И додека рулетот е една од најпопуларните игри во казината, исто така нуди и најмали можности за победа. Освен ако човек не поседува неверојатни знаења на физиката.

 

рулет


Во 70-тите, математичарот Џ.Дојн Фармер создал машина која му овозможила да ги насочи шансите во рулетот во негова корист, па од тогаш му бил забранет влез во сите казина во Невада. А денес, еден негов колега покажува како оваа таа функционира.

Ричард Милер, професор по физика на Универзитетот во Калифорнија, Беркли го објаснува концептот на работење на машината:

„За да се охрабрат луѓето да се обложат на рулет, традиционално е да им се овозможи да поставуваат облози откако тркалото ќе се заврти и топката е поставена, но само пред да започне да паѓа. Во таа една или две секунди, постојат доволно информации за да се овозможи мерење и пресметка која ќе ги зголеми вашите шанси за победа.

Ако пресметката едноставно ја отфрли можноста за едната половина на тркалото, тогаш шансите скокаат високо во ваша корист, додека претходно шансите за победа беа 98:100, а ако ги исклучите половина од броевите тогаш вашите шанси стануваат 196:100, со што победувате.

Не мора да го предвидите бројот каде топчето ќе падне. Потребно е само да ги зголемите вашите шанси за 3% за од просек на губење да преминете во просек на победа“.

Машината работи на тој начин што играчот има прекинувач на неговите стапала. Секој пат кога топчето ќе направи едно вртење, играчот ќе притисне на прекинувачот, и секој пат кога тркалото ќе се сврти.

Од овие податоци, малиот џебен компјутер може да ги пресмета шансите и да му даде до знаење преку тапкање на ногата, каде да го постави неговиот облог. Сето тоа во тој период пред топката да престане да се врти.

За да го направи ова тој ja одредил вредноста на неговиот уред користејќи вистински рулет од казино.

„Казината немаат право да те пребаруваат, такашто не можат да се заштитат против ваквиот уред. Но, за да се заштитат тие создадоа закон кој вели дека можат да исклучат било кое лице од играта без никаква причина. Тие тоа го прават само тогаш кога ќе видат дека некој има големи шанси за победа. Можеби не можат да си ги вратат парите, но можат да спречат да изгубат повеќе.

За сите оние кои се сомневаат, постои доказ дека не станува збор за урбана легенда. Во 2012 година истражувачите Мајкл Смал од Универзитетот во Западна Австралија и Чи Конг Це од Политехничкиот Универзитет во Хонг Конг објавија труд кој покажал како функционира овој процес.

Тимот успеал да покаже со едноставно знаење на стапката во која тркалото и топката се вртат - пред топката да застане, е доволно да се насочат шансите во полза на играчот. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука