X
 09.06.2016 Наука

Нова техника која им помага на пациентите со мозочен удар повторно да проодат

pacient 

 

Претходно неподвижните пациенти со мозочен удар имаат можност повторно да проодат, благодарение на ветувачка техника која му помага на мозокот да се опорави.


Научниците долго време сметале дека оштетените региони од мозокот од мозочниот удар кои ги контролираат моторните вештини, не можат да се опорават бидејќи биле трајно оштетени. Но, неодамнешните клинички студии укажуваат на тоа дека можеби ќе треба да го променат мислењето. Гери Стејнберг, неврохирург од Универзитетот Стенфорд и еден од истражувачите вклучен во клиничките студии, вели дека овие движења можат да бидат блокирани и со тоа да се исконтролира нивното однесување.

Двете клинички студии, спроведени одделно од „SanBio“ и од „ReNeuron“ покажа како вбризгувањето на матични клетки во мозокот на пациентите резултира со подобрување на моторните функции и координација. Истражувањето на матичните клетки способни да израснат во поспецијализирани типови - драстично се зголемија во последниве години. Тие дури и покажаа неверојатен потенцијал за борба против парализата; на пример таканаречената трансплантација на „мирис клетки“ му помогнале на човек да започне да оди после тешката повреда на 'рбетниот мозок.

Пред вбризгувањето на матичните клетки, подобрувањата на пациентите во нивното движење било позабавено откако доживеале мозочен удар. Неверојатно, матичните клетки го обновиле процесот на лекување на мозокот, овозможувајќи му на пациентот кој претходно можел да движи само еден палец, повторно да оди.

„Сите пациенти во најновото истражување покажаа подобрувања. Нивните резултати на скала од 100 точки за оценување на мобилноста, со тоа што 100 поени се целосна мобилност, имале подобрени резултати во просек од 11.4 поени, маргина која се смета за клинички значајна за пациентите. Најдраматичните подобрувања беа во силата, координацијата, способноста да се движат, можноста за употреба на рацете и способноста за комуницирање, особено кај оние пациенти чиј говор беше оштетен од мозочниот удар“, вели Стајнберг.

Во текот на двете испитувања, истражувачите направиле мала дупка во черепот на пациентите која директно ги довела до оштетените делови од мозокот одговорни за движење. Истражувачите од „SanBio“ и „ReNeuron“ потоа вбризгале матични клетки од коскената срж на донаторите и од мозокот на абортирани фетуси.

Тимот претпоставил дека овие матични клетки би можеле да го променат регионот во мозокот за тој да делува повеќе како бебешки, отколку мозок на возрасен. Поради ова, мозокот би имал поголем капацитет за поправка.

Компаниите веќе планираат да ја применат оваа техника на повеќе пациенти. Иако резултатите даваат надеж, Здружениот за мозочен удар од Британија ја нагласува потребата за дополнително истражување и потврдување на овие наоди како и обезбедување на оптимална локација и доза на инјекции. Но, со повеќе од 30 слични испитувања во тек, тековните резултатите ќе бидат наскоро достапни.

Иако времето ќе покаже дали овие методи на лекување навистина помагаат, првичните резултати ветуваат доста, не само за третманот на мозочниот удар, туку и за извонредниот потенцијал на матичните клетки во полето на медицината. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука