X
 10.06.2016 Образование

96 годишниот Јапонец - најстариот дипломец во светот

96 годишен човек од западниот дел на Јапонија беше прогласен за најстариот универзитетски дипломец во светот.

 

диплома


„Навистина сум среќен. Учењето е забавно на било која возраст“, изјави Шигеми Хирата, кој го доби сертификатот за најстариот дипломец од Гинисовата книга на рекорди.

Роден на 1 септември 1919 година, Хирата дипломирал уметност во март. На 96 години и 200 денови тој успеал да земе диплома на Универзитетот Кјото на одделот за уметност и дизајн. Му биле потребни 11 години за да ги заврши студиите.

Хирата се запишал на универзитетската програма во 2005 година кога имал 85 години за да продолжи со грнчарството - хоби со кое започнал да се занимава откако се пензионирал. Иако поголемиот дел од студиите ги извршувал дома, тој повремено следел настава на кампусот на универзитетот во Кјото.

„Мојата долговечност е нешто како судбина. Јас сум благословен со луѓето кои ги запознав“, вели Хирата кој има две деца, пет внуци и четири правнуци.

Бил роден во Хирошима, а бил дел од морнарица во Втората светска војна и работел во болница после војната. „Мојата следна цел е да живеам до 100-та година. Се'уште сум во добра форма и ќе размислам за уште една диплома“, вели тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование