X
 10.06.2016 Технологија

Цукерберг ја најави најновата опција на "Facebook"

Сега можете да користете нова опција на „Facebook“ - панорамски фотографии од 360 степени со вашиот телефон. Новата опција беше најавена преку профилот на Цукерберг.

 

opcija


„Денес започнува новата опција која дава можност за фотографии од целиот свет во 360 степени. Ова е слично на 360 видеото - можете да го навалите вашиот телефон и да имате чувство како да сте таму. Исто така, можете да ги погледнете во виртуелна реалност за да го подобрите вашето доживување.

Големата разлика со ваквите фотографии е тоа што можете да ги направите со вашиот телефон. Едноставно направете ги со панорама или користете апликација 360 камера, а потоа постирајте ги на „Facebook“, а од таму презема нашиот тим“.

Ова е 360 фотографија од Менхетен направена од врвот на „One World Trade Center“ од Мајкл Франз и Џонатан Д.Вудс за „TIME“ магазинот и е одлична фотографија од градот“, пишува Цукерберг на неговиот профил. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија