X
 11.06.2016 Наука

Паметни пронајдоци од ученици кои можат да го намалат отпадот во светот

Бидејќи стиропорот не може лесно да се рециклира, често пати завршува во ѓубре. Но, група на средношколци од Фолсом, Калифорнија, успеале да дизајнираат дигестор кој користи бактерии за да го изеди стиропорот и да го претвори во енергија и биоразградлива пластика.

 

1


„Ова е огромен проблем во светот сега“, вели 13 годишната Емили Мајнер, еден од пронаоѓачите на алатката, наречена „Polystyrenator“. „Голем дел од стиропорот завршува во вода и ја загрозува животната средина. Нашиот тим сметаше дека ова е огромен проблем за кој е потребно решение“, вели таа.

Учениците ги разгледаа најновите истражувања и го комбинираа она што го пронајдоа во нивниот процес. Сега, нивната идеја е полуфиналист во „First lego league global innovation award“, натпревар кој од младите ученици бара да создадат решенија за глобалните предизвици.

„Не е традиционален саем за наука. Ова е вистинското нешто. Победниците од минатите години сега имаат функционален прототип, а други пак ги патентирале нивните дизајни“, вели Сара Стреј, менаџер од „First“, организација основана од Дин Камен.

За учениците ова е шанса да ги решат вистинските проблеми додека учат вештини кои не можат да ги научат на училиште. „Од учениците бараме да решат проблем. Кога и да решаваат проблем, тие ги применуваат вештините за широко размислување и процесот на инженеринг/дизајн - вештини кои не се учат во традиционалната академска средина“.

Мајнер и нејзините колеги се надеваат дека уредот ќе може да се примени во нашето секојдневие. „Ме натера да сфатам дека иако ние сме многу млади, не е важно колку години имаме. Секој човек може да направи разлика во светот“.

Од илјадници тимови низ светот, 20 тимови полуфиналисти ќе се натпреваруваат за наградата од 20.000 долари. Ова се најдобрите идеи од натпреварот.

 

2


„TrashCam“


Кога група од средношколци од Заливот Беј ги набљудувале корпите за отпадоци и рециклирање околу нивното училиште, тие откриле дека само половина од отпадот завршувал во правилниот контејнер за ѓубре. Тие организирале натпревар за сортирање на содржината од ѓубрето за да ги мотивираат учениците подобро да го сортираат ѓубрето, но точноста се зголемила само до 58%. Затоа тие дизајнирале робот за да им помогне: Уред кој прави фотографии од ѓубрето, а потоа користи класификација на фотографиите за да покаже која канта треба да се искористи. Алатката може да ја подобри точноста повеќе од 90%.

 

3


„Chipsulation“


Откако забележале колку ќесички од чипси завршувале во ѓубрето, средношколците од едно училиште во Флорида го создале „Chipsulation“. Ќесите содржат полиетилен, кој не е лесно да се рециклира, но како изолација учениците откриле дека овие ќеси се поефикасни и поевтини од стандардните материјали кои се користат во градежништвото.

„FIRF (Food Into Renewable Fuel)“


Тим од ученици од петто и шесто одделение создале концепт за домашен уред кој храната и отпадот ги претвора во гориво за природен гас за домаќинството. Микроорганизмите ја разложуваат храната, со што прават метан гас кој може да се користи во печките, греалките или греачите за вода.

„Bacteria Buster“

Пластичните ќеси создадени од полиетилен пластика, не можат да се рециклираат во повеќето рециклирачки контејнери во домовите. Кога тие се рециклираат тие се прават во ниско пластични производи како рециклирачка граѓа. Но, тим на канадски ученици создаде друго решение: пластичен „composter“ кој користи бактерии за да го биоразгради полиетиленот во период од 15 недели. Процесот создава СО2 кој може да се користи во други производи како и биомаса која може да се продава како ѓубриво.

„Hay Bale Wrap“


На фармите, балињата со сено често пати се завиткани со 8 до 10 слоја пластична фолија пред сеното да се складира - со тоа зачувуваат хранливите материи во сеното за животните, но фолијата прави многу ѓубре. Група на ученици од осмо и дветто одделение од руралните заедници во канада создале биопластика направена од скроб и растителни влакна. Откако ќе се искористи, биопластиката може да се разложи во производ кој се јади или може да се искористи како ѓубриво.

„Plastic Zero“

Пластичното пакување обично завршува во депониите, но група на пет ученици дизајнирале нов тип на пакување кое може повторно да се искористи. Направено од материјал наречен „Shape Memory Polymer“ (SMP) кој може лесно да се израмни со топлина или светлина, и подоцна се појавува назад во оригинална форма. Учениците велат тие можат да се вратат назад до производителите и да се искористат во бесконечен круг.

„Water-soluble six-pack rings“

Тим од ученици од шесто одделение пронашол одлично решение за таканаречените пакети од прстени кои ги убиваат морските животни кога тие се заробени или кога јадат парчиња пластика. Нивното решение е пластика која се раствора кога е потопена во вода или изложена на дожд.

 

4


„Styro-Filter“


Друг тим на ученици работеше три години на процес за справување со стиропор за отпад. Нивниот систем со ниска температура го претвора стиропорот во активен јаглен кој подоцна може да се користи во филтрите за вода.

„Aerobically Decomposing Plastic Doggy Bags“

Теоретски, биопластиката треба да служи како ѓубриво. Тим на канадски ученици направиле истражување и откриле дека биопластиката не го поминала тестот и може да предизвика оштетување. Тие го модифицирале рецептот за декомпостирачка пластика која може да биде компостирана и потоа ја претвориле во ќесички за кучиња, за сопствениците на домашните миленичиња да започнат со компостирање со изметот на нивните кучиња и ќесите во кои изметот завршува.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука