X
 14.06.2016 Образование

Резултати од анкетата на Факултети мк: Кој најмногу заслужува да биде ректор на УКИМ?



Професорот и актуелен декан на Машинскиот факултет, Атанас Кочов, од сите кандидати најмногу ја заслужува титулата ректор на УКИМ, покажа анонимната онлајн анкета на Факултети.мк. За него гласале 210 од вкупно 570 гласачи или речиси 38 отсто од анкетираните.

Веднаш по него со 98 гласа или 17,7 проценти е Александар Димитров, професор на Технолошко металуршкиот факултет. Кандидатката Елена Думова Јованоска од Градежниот факулет доби 71 гласа или 12,8 проценти од гласовите од нашата анкета. Ист број на гласови имаат професорот од Медицинскиот факултет и актуелен декан на истиот Никола Јанкуловски и професорот од ПМФ Ненад Новковски кои имаат по 60 гласови. Најмалку гласови има професорот Коле Василевски од Шумарскиот факултет со освоени 56 гласови или 10.1 проценти од анкетираните.


Сите кои одговорија на нашата анкета имаа можност да кажат и зошто сметаат дека кандидатот за кој дале глас заслужува да биде ректор на УКИМ. Од одговорите може да се заклучи дека многумина им даваат поддршка на кандидите благодарение на нивните одлуки додека биле или се на раководни позиции, но и поддршката што им ја даваат на своите студенти. Еве дел од нивните одговори:

За Атанас Кочов
:
„Затоа што е вистински лидер и тоа го покажа на Машински Факултет , и секогаш пријателски настроен кон студентите“.
“Поради неговите менаџерски способности и харизма кои ги покажа како декан на Машинскиот факултет во Скопје“.
“Професор кој е секогаш тука за студентите, навремено, брзо и разбирливо одговара на сите прашања поставени од страна на студентите, човек со визија, се заложува за подобри услови и подобра средина за студентите, доколку стане ректор на УКИМ во иднина ќе го крене на едно многу повисоко ниво од што е сега. Целосна подршка од сите студенти на МФС, само напред професоре„.

За Александар Димитров:

„Затоа што многу успешно и професионално ги извршуваше задачите како декан на Технолошко- металуршкиот факултет, а тоа го покажа задоволството на студентите за времетраењето на неговиот мандат“.
„Бидејки додека беше декан на ТМФ успеа да го афирмира факултетот и да му го даде значењето кое му припаѓа“.
“Ми се допага неговиот концепт и планови за универзитетот“.

За Елена Думова Јованоска:
„Затоа што е единствена жена кандидатка“.
„Проф. Елена Думова Јованоска поседува способности и харизма не само за биде извонреден професор, туку и повеќе“.
“Затоа што се залага за студентските права и тоа доста го покажа со поддршката што ја даде на Градежниот факултет при автономната зона. Држеше предавања за тоа како би требало да се покренеме да си ги исполниме правата и за да имаме поквалитетно образование. И за крај, прекрасен и квалитетен професор“.

За Ненад Новковски
“Сметам дека е најсоодветен профил од кандидираните и очекувам да знае да се справи со предизвиците пред кои е исправен УКИМ“.
„Човек од наука, докажан во своите способности како министер, човек со дигнитет, принципиелен и без никакво лошо минато во неговата професионална кариера. Доволно?
“Најкомпетентен во однос на сите други кандидати. Има визија за тоа како треба да изгледа современ Универзитет. Не е партиски потрчко и марионета, каков што е сегашниот ректор“.

За Никола Јанкуловски
„Затоа што се залага за правата на студентите и за подобрување на едукативниот систем“.
“Искусен, реален, пристапен, врвен експерт и омилен кај студентите“.
„Бидејќи човекот е медицинско лице и знае како со болни умови“.
“Организатор, дипломат, добри релации во заедницата“.

За Коле Василевски
“Добар и интелигентен професор“.
“Поради неговата доследност и прецизност во работата“.
“Одличен избор“.

Инаку, во среда се одржува седница на Сенатот на УКИМ, каде Ректорската управа треба да предложи двајца кандидати да влезат во потесниот круг на гласање. Ректор на УКИМ треба да се избере до 15 јули.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование