X
 15.06.2016 Култура

Единствената снимка од Хитлер на која зборува со нормален глас

„Знам дека луѓето се освоени помалку од пишаниот збор отколку од  зборувањето, а секое големо движење во оваа земја се должи на растот на големите оратори, а не големите писатели“ - Адолф Хитлер, „Мојата борба“ 1925 година.

 

хитлер


Со повеќе од 5.000 убедливи говори, нацистичкиот лидер Адолф Хитлер знаел како да ја маѓепса публиката во неговиот изменет и извежбан глас.

Гласот на Хитлер е опишан како убедливо моќен и волшебен од француско-американскиот романсиер Џорџ Штајнер.

„Роден сум во 1929 година, такашто од 1933 година моите најрани сеќавања се седење во кујната и слушање на гласот на Хитлер на радио“, пишува Штајнер.

„Тешко е да се опише, неговиот глас маѓепсува. Чувствуваш како ги следиш неговите гестови и покрај тоа што сето тоа го слушаш на радио“, вели тој.

Неверојатно, нормалниот глас на нацистичкиот лидер во голема мера бил непознат надвор од неговиот внатрешен круг. Но, во 1942 година, финскиот инженер тајно снимил разговор помеѓу лидерот за одбрана на Финска, Карл Густаф Емил Манерхеим и Хитлер.

Пред инженерот да биде фатен, тој успеал да сними 11 минути аудио снимка.




Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура