X
 15.06.2016 Образование

Најиновативните универзитети во Европа

европа

 

На прв поглед, најиновативните универзитети во Европа не изгледа дека имаат многу заеднички работи. Некои од нив се Католички училишта, некои се секуларни, други се државни, трети приватни. Едно од нив е старо 920 години, а друго е независна институција помалку од една деценија. Се протегаат низ целиот континент, некои се во големи градови, а други во рурални области.


Единственото нешто што ги обединува: скоро сите ги нагласуваат практичните истражувања и применетите науки. Техничките универзитети и колеџи доминираат со листата на Топ 100 иновативни универзитети во Европа направена од „Reuters“. Листата ги идентификува образовните институции кои најмногу вложуваат напор за унапредување на науката, измислување на нови технологии и помагање на глобалната економија.

Најиновативниот универзитет во Европа се Ку Лувен, училиште во регионот на Фландрија, Белгија. Основано во 1425 година од папата Мартин петти, ова е најстариот католички универзитет во светот, но неговата настава не е ограничена само на теологија. Неговата модерна мисија е сеопфатна и универзитетот промовира напредни научни истражувања. Отворен за студенти од сите религии, универзитетот оперира автономно од Црквата и одржува една од најголемите независни истражувања и развој на организации на планетата.

КУ Лувен го заслужува првото место делумно подари големиот обем на влијателни пронајдоци. Неговите истражувачи поднесуваат повеќе патенти од било кој друг универзитет во Европа.

Toa се клучните критериуми за листата на најиновативните европски универзитети, која беше составена во соработка со „Intellectual Property & Science“.

Некои од најдобрите универзитети на листата биле создадени кога поголемите институции се одделиле од нивните технички оддели. Кралскиот колеџ во Лондон (кој се наоѓа на 2 место) порано бил  Кралски колеџ за наука, технологија и медицина, и дел од Универзитетот во Лондон. Колеџот стана независен во јули 2007 година, а сега во него студираат над 16.000 студенти од повеќе од 125 земји. Исто така, подобар е од неговиот „родител“, Универзитетот во Лондон кој е рангиран на 30-то место.

Слично, швајцарскaта школа за политехника „Федерал де Лозана“ ја доби својата сегашна форма во 1968 година, кога се оддели од Универзитетот во Лозана.

Другите топ институции се специјално создадени за да служат како центри за иновација. Германскиот технички универзитет во Минхен (5-то место) бил основан во 1868 година од кралот Лудвиг Втори во Баварија. Денес училиштето има 37.000 студенти кои се запишуваат од многу градови во Германија. Тринаесет професори и ученици добиле Нобелова награда од 1927 година.

Германските универзитети се најбројни - од вкупно 100 универзитети на листата, 24 се германски, повеќе од било која друга земја. Велика Британија се наоѓа на второто место со 17 универзитети, вклучувајќи ги и најстарите универзитети во земји со англиско говорно подрачје: Универзитетот во Кембриџ, кој се наоѓа на 3-то место и Универзитетот во Оксфорд, на 8-то место.

Република Ирска има само три училишта на листата = Тринити колеџот во Даблин кој се наоѓа на 48-то место, е највисоко рангиран универзитет на Ирска. Основан во 1592 година од Кралицата Елизабета I, по моделот на Оксфорд и Кембриџ, па денес има висок процент на патенти.

На регионална основа, Западна Европа доминира на листата со 60 универзитети во првите 100. Северна Европа се наоѓа на второто место со 24 универзитети, а Јужна Европа со 15 универзитети. Источна Европа има само еден универзитет на листата, Јагелонскиот универзитет во Полска, рангиран на 92-то место. Само пет универзитети на листата се наоѓаат во земји кои не се членки на Европската Унија - четири во Швајцарија и еден во Норвешка (Универзитетот во Осло, кој се наоѓа на 41-то место). Земји кои ги нема на листата се Русија и Турција, најнаселените земји во Европа, ниту пак од богатите Шведска или Финска. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование