X
 15.06.2016 Образование

Професорите Никола Јанкуловски и Ненад Новковски ја продолжуваат трката за ректор на УКИМ



Професорот Никола Јанкуловски, актуелен декан на Медицинскиот факултет и Ненад Новковски, редовен професор на Природно математичкиот факултет и поранешен министер за образование и наука се двајцата кандидати од кои ќе се бира нов ректор на УКИМ. Ова денеска го одлучи Ректорската управа на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

Сенатот на УКИМ ќе избере еден од овие двајца кандидати да го води Универзитетот во следните четири години на седница кон крајот на месецов.

Кандидати за ректор беа и професорите Александар Димитров, Атанас Кочов, Коле Василевски и Елена Думова Јованоска.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование