X
 16.06.2016 Живот

Временска прогноза: Не очекува пеколен викенд со висок УВ индекс

Денес е четврток, 16 јуни 2016 година, 168-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:53, а ќе зајде во 20:05 часот.Денот ќе трае 15 часа и 20 минути.



Македонија е под влијание на поле на висок воздушен притисок од југ, па при вакви услови имаме сончево и топло време какво што е и ова утро во Македонија. Насекаде над Македонија е ведро, без никаква облачност.

МАКЕДОНИЈА - Пред нас е еден сончев и топол леден ден. Иако до календарскиот почеток на летото имаме уште 4 дена, кој започнува во понеделник на 20 јуни, денешните метео услови ќе бидат вообичаени за еден летен ден. Сончево и многу топло со температури кои ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Слаб јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од 8 до 16 степени, додека пак максималните ќе достигнат до 26 односно до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 12 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 35 степени. УВ индекс 8

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во петок и сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во петок максималните температури од 29 до 41 а во сабота ќе достигнат до 30 односно до 42 степени и ув индекс со вредност 10. Во недела и понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло но со благо опаѓање на температурите. Во западните и северозападните предели со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Максималните температури од  28 до 40 односно од 26 до 38 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот