X
 17.06.2016 Живот

Временска прогноза за време на празничниот и продолжен викенд


Денес е петок, 17 јуни 2016 година, 169-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:53, а ќе зајде во 20:14 часот. Денот ќе трае 15 часа и 21 минутa.

Во Македонија ова утро имаме претежно сончево и топло време, само во крајните источни предели има појава на локална облачност. Во наредните часови се очекува продор на облачна маса од запад.

МАКЕДОНИЈА - Во текот на денот не очекува претежно сончево време со појава на локална облачност и многу топло. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Температурите ќе бидат во пораст, утринските ќе се движат од 10 до 20 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 28 односно до 40 степени. Вредноста на УВ индексот ќе биде висока и ќе има вредност 9, затоа избегнувајте излегување на сонце во периодот од 10 до 17 часот и конзумирајте течности.

СКОПЈЕ - Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна ќе достигне до 38 степени. УВ индекс 9.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во сабота ќе биде сончево и многу топло со максимални температури кои ќе се движат од 30 до 42 степени и ув индекс 10. Во недела претежно сончево со локална облачност и топло. Доцна попладне и навечер во североисточните, северните и северозападните предели постојат услови за локални врнежи од дожд, а можна е и појава на град. Максималната температура од 28 до 39 степени. Претежно сончево со локална облачност ќе биде во понеделник кога максималните температури ќе достигнат до 27 односно до 38 степени. Во вторник сончево и топло со пораст на дневните температури кои ќе се движат во интервал од 30 до 41 степен.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот