X
 19.06.2016 Технологија

Германија до 2030 година ќе ги забрани возилата кои испуштаат штетни гасови

Многу европски земји работат на намалување на испуштањето штетни гасови преку иницијативи кои ги вклучуваат автомобилите. Сега, Германија оди чекор понапред со нов закон со кој сите нови автомобили регистрирани во земјата не треба да испуштаат штетни издувни гасови до 2030 година.


Ова е дел од пошироката цел на Германија за намалување на 95% од испуштањето на јаглерод диоксид до 2050. Министерот за економија, Рејнер Бак смета дека е време Германија да преземе сериозни мерки за намалување на испуштањето издувни гасови од превозните средства.

„Факт е дека нема намалување во испуштањето на јаглерод диоксид од страна на возилата од 1990 година“, вели тој.

Новиот закон ќе помогне во овој поглед, а германската влада го олеснува со доделување финансиска помош за да се поттикне продажбата на електричните автомобили.



Министерството за околина проценува дека со програмата ќе се додадат уште 500.000 електрични автомобили на патот до 2020 година, со што ќе се намалат испуштањата за 40%.

Моментално, во Германија има 130.000 хибридни возила и 25.000 електрични автомобили. Од друга страна има 30 милиони автомобили на бензин и 14.5 милиони автомобили на дизел.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија