X
 19.06.2016 Живот

Важни прашања кои треба да си ги поставите пред да имате дете

Одлуката да се има дете со некого може да има огромно влијание на врската, без разлика како планирате да го имате детето. Без разлика дали посвојувате, раѓате или користите друг метод, постојат некои работи на кои треба да се согласите со партнерот пред да имате дете. Следуваат неколку разговори кои мора да ги имате со партнерот според експертите.


Дали времето е добро?

Специјалистот Џејн Фредерик вели дека нејзините пациенти понекогаш грешат во планирањето на времето за дете. На пример, некои парови одлучуваат да имаат деца подоцна и имаат проблеми за плодноста, што може да се спречи со замрзнување на јајцата и спермата претходно. Важно е да се размислува за целта, вели Фредерик.

Дали го сакате ова сега?

Можеби изгледа дека двајцата сте подготвени за деца, но во некои врски, едната личност сака дете веднаш, додека другата е помалку сигурна дека го сака тоа, смета психологот Марија Брус. Треба да се прашате дали двајцата сакате дете во моментот и доколку едната личност не е сигурна, треба да разговарајте дополнително. Потоа, Брус советува и размислување за можниот притисок од страна на околината - Дали имате притисок од родителите и поради тоа сакате дете?

Кој може да ви помогне?


Изреката дека треба цело село да се одгледа едно дете е вистинска, смета Брус. Џесика Вејд додава дека секој родител има проблеми со недостаток на сон, умор итн. Паровите кои немаат „втор план“ се преморени по првите неколку месеци. Размислете за семејството, пријателите и услугите кои може да ги искористите доколку ви е потребна помош.

Кој ќе има какви одговорности?

Воспитувањето дете одзема време и бара посветеност. Вејд советува планирање на се'. Јадењето, будењето со бебето ноќе, носењето на детето во градинка, плаќањето за пелени, храна и облека - секоја обврска треба да биде доделена.

Како ќе платите за сe'?

Според Вејд, мора да имате повеќе пари од планираното за детето. Помислете за трошоците и додадете повеќе пари на сумата за резерва. Мора да бидете подготвени за се'.

Каква улога ќе имаат вашите родители во животот на вашето дете?

Кога имате дете, треба да одлучите кого сакате да гледате во животот на вашето дете и каква улога сакате тие да играат, вели психотерапевтот Тина Гилбертсон. Доколку имате конфликт во семејството, можеби треба да го решите за да му покажете добар пример на детето.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот