X
 20.06.2016 Здравје

Земјите со најдебело население - на кое место се наоѓа Македонија?

Според податоците кои ги собра ЦИА, најдебелата земја во светот е американската Самоа.

 

1


Во оваа држава, која се наоѓа во Јужниот Пацифик, дури 74.6% од населението се смета дека има прекумерна тежина. После неа следуваат уште неколку пацифички држави - во првите 10, единствено Кувајт е држава која не се наоѓа во Пацификот. Тежината на возрасните луѓе во овој регион е за 4 пати поголема во однос на она што се смета за глобален просек.

Голем број експерти велат дека причината за ова се генетските предиспозиции и западниот начин на исхрана кои со себе ги донеле колонизаторите - наместо на пример, да консумираат риба во сурова состојба, жителите на оваа земја ја пржат.

Ова се 20-те земји со најдебело население во светот:

1. Американска Самоа
2. Науру
3. Кукови Острови
4. Токелау
5. Тонга
6. Самоа
7. Палау
8. Кирибати
9. Маршалските Острови
10. Кувајт
11. Свети Китс и Невис
12. Микронезија
13. Бахамите
14. Барбадос
15. Белизе
16. Катар
17. Египет
18. Америка
19. Саудиска Арабија
20. Бахреин

Од друга страна тука се и земјите во кои дебелината е ретка појава. Во некои од нив процентот на луѓето со прекумерна тежина изнесува помалку од 2%.

20-те држави со слабо население во светот:

1. Етиопија
2. Бангладеш
3. Непал
4. Еритреја
5. Мадагаскар
6. Виетнам
7. Демократска Република Конго
8. Индија
9. Камбоџа
10. Авганистан
11. Буркина Фасо
12. Нигер
13. Лаос
14. Источен Тимор
15. Чад
16. Бурунди
17. Централно-африканска Република
18. Замбија
19. Јужна Кореја
20. Бурма

Јапонија и Кина исто така котираат ниско на листата (157 и 152 место), а од земјите во Европа тука се Швајцарија (111 место), после неа Франција (108 место), Данска (107 место) и Шведска (104 место).

Според мапата направена од податоците на ЦИА, со 21.10% дебели луѓе, Македонија се најде на 92-то место на листата на земји со најдебело население во светот.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје