X
 21.06.2016 Живот

Kaкво е чувството да се биде дебел во Америка?

И покрај зголемените напори, сепак Америка спаѓа меѓу земјите со најдебела нација во светот. 69% од возрасните Американци имаат прекумерна тежина или се дебели, велат Центрите за контрола на болести и превенција.

 

debelina


Но, сега повеќе од било кога, постојат гласови кои тврдат дека постои здравје и убавина во сите големини. Халеј Морис-Кафиеро е еден од тие гласови. Новата книга на фотографот наречена „The Watchers“ илустрира што се случува кога една дебела личност го „зазема“ јавниот простор.

Ова е феномен на кој Морис-Кафиеро кој таа несвесно го сретнала откако направила неколку автопортрети - таа открила чуден тренд во поголемиот дел од фотографии: луѓето не можеле а да не зјапаат во нејзиното дебело тело.

Првичниот проект, наречен „Wait Watchers“ го создала кога се фотографирала себеси на места каде размислувал за нејзината тежина - ресторани, одмори и базени. Но, нејзиниот проект се променил откако таа открила како постојано луѓето зјапаат и ѝ се потсмеваат во позадина.

„Бев воодушевена од способноста да го фатам тој момент кога луѓето зјапаа во мене - не очекував да бидат толку очигледни. Претпоставувам дека луѓето очекуваа да бидам повредена, но наместо тоа, се чувствував како да имав моќ. Тие воопшто не знаат дека јас всушност се сакам себеси.

Таа напоменува дека проблемот не се дебелите луѓе кои го заземаат јавното место, туку каква слика луѓето имаат за телото, и во концептуална и во буквална смисла. Врз ова несомнено влијаат непријатните стереотипи и тропи кои долго време велат дека дебелината е нешто од кое човек треба да се срами.

Уште од почетокот, нејзиниот проект стекна широко внимание од медиумите. Повеќето од луѓето беа критички настроени кон нејзиниот физички изглед, како таа ја носи косата и каква облека избрала.

Морис-Кафиеро ги искористила реакциите, и позитивни и негативни, и започнала кампања на „Kickstarter“, па така ја комплетирала нејзината книга со уште повеќе фотографии.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот