X
 21.06.2016 Образование

Зошто да се биде наставник е најдобрата професија во светот

Иако наставниците не се секогаш најпопуларните, и често пати децата ги претставуваат како нивни непријатели, постојат и оние кои ги сметаат за нивни херои и ги помнат скоро целиот свој живот.

 

1


Иако работата и тоа како бара, притисокот е огромен, и злоупотребата може да биде константна, предавањето и професијата наставник е најдобрата професија во светот. Еве зошто!

1. Дружењето со децата по цел ден ве одржува млади и гарантира дека вашиот вокабулар, мода и вкус во музика ќе останат модерни.

2. Правите огромна разлика во животот на младите луѓе - дури и тогаш кога не сте свесни. Не знаете колку деца ги прифатиле вашите мудри зборови.

3. Никогаш деновите не се повторуваат. Секогаш е различен ден.

4. Постојано учите нови вештини. Можеби сте наставник по математика/англиски/општество, меѓутоа водите секции, клубови, давате консултации и се' останато што им е потребно на децата.

5. Градите позитивни односи со учениците, колегите, родителите и пошироката заедница.

6. Станувате идол на учениците. Луѓето го прифаќаат вашиот совет и вашите насоки и тоа е одлично чувство.

7. Децата ве учат исто толку колку што ги учите вие. Секој наставник имал момент кога невин коментар од ученик ја променил неговата перспектива на размислување. Исто така, сега ги знаете сите членови на „One Direction“.

8. Постојано се смеете. Учењето може да биде забавно и тоа важи и а наставникот.

9. Моментот кога ученикот конечно сфаќа. Постојано ја повторувате лекцијата, и конечно ученикот сфаќа, а вие знаете дека сте успеале.

10. Благодарноста значи многу. До крајот на годината подароците се одлични но вербалната благодарност од младите луѓе врз кои имате влијание е совршена.

11. Тука спаѓаат и родителите. За секој еден кој ќе ви ги отежне работите и постојано ќе се жали, постојат десет други кои ви се поклонуваат поради тоа што го правите за вашето дете.

12. Среќавате колеги со иста страст за предавање како вашата кои ќе станат ваши пријатели за цел живот.

13. Чувството на задоволство и гордост кога вашите ученици ќе успеал - ова е сензационално чувство. Знаејќи дека сте одиграле мала улога во нечие постигнување, е крајното задоволсттво.

14. Предизвикот и успехот да го натерате некое дете кое не ве сакало, да започне да ве сака.

15. Хаосот во училницата. Врева, неред, смеа, возбуда и хаос. Што има тука да не се сака?

16. Гледајќи како пријателствата цветаат меѓу децата секогаш ви го стоплува срцето.

17. Возбудата кај децата кои се воодушевени од одредена тема. Ако успеете да го привлечете нивното внимание, вие секогаш ќе бидете извор на интерес. Всушност, вие сте животот и душата на забавата во училницата.

18. Лица кои со внимание го следат секој ваш збор што ве прави особено горди. Иако не е секогаш вака, но кога ќе добиете ваква публика, знаете дека ќе биде лекција на која со задоволство ќе се сеќавате.

19. Кога децата се смеат на вашите шеги - особено постарите деца. Да го натерате еден тинејџер да се насмее не е лесно.

20. Кога вашите строги методи се исплаќаат. Иако не ви се допаѓа кога сте строги и кога давате дополнителни задачи или пак кога со црвено пенкало ги уништувате домашните на децата - тие на крајот ќе сфатат зошто сте биле строги и ќе ви бидат благодарни.

21. Предавањето станува вашиот живот - ова не е само работа со добри празници и дефинитивно не би ја промениле за ништо на светот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование