X
 22.06.2016 Економија

Македонците трошат 10 пати повеќе за алкохол и тутун отколку за образование

Заводот за статистика во Македонија спроведе анкета на домаќинствата во Македонија.



Од проценетите 561.693 домаќинства во Македонија, биле анкетирани 2.874 во 2015 година. Во 2014, биле анкетирани 2.572 домаќинства од 558.003, а во 2013 биле анкетирани 2.922 од 55.266 домаќинства. 

Во 2015, просечните парични средства по домаќинство кои биле потрошени изнесуваат 357.874 денари. Тоа е повеќе од просечните расположливи парични средства, што изнесува 349.430 во просек. Тоа значи дека Македонците имаат расположливи средства просечно 29.119 денари месечно.

Според анкетата, просечно 225.129 денари од средствата на лицата се остваруваат од работен однос, 71.774 од пензии, а 6.413 од социјална помош.

Интересно, за алкохолни пијалаци и тутун биле потрошени просечно 12.909 денари годишно, а за образование само 1.495 денари. На облека и обувки се троши просечно 21.495 денари, а за овошје 8.005 денари. 3.732 денари годишно во просек се трошат на членарини, даноци, царини, придонеси и слично, а дури 12.866 за отплатување на кредити. 

Дали месечните приходи ги задоволуваат потребите на граѓаните?

Според анкетата, 37% од анкетираните домаќинства сметаат дека месечните приходи главно не ги задоволуваат нивните потреби. 23,5% сметаат дека во целост не ги задоволуваат. 35,5% сметаат дека главно ги задоволуваат, а 4% дека во целост ги задоволуваат.

Во споредба со изминатата година, состојбата е иста за 51,6%, малку полоша за 25,3% а многу полоша за 16,3%. Малку е подобра за 6,5%, а многу подобра за 0,3%. 58,9% од анкетираните домаќинства сметаат дека се потребни над 30.000 денари месечно за да живее нормално.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија