X
 22.06.2016 Здравје

Научниците конечно откриле зошто боли менструалниот циклус

Научниците конечно откриле зошто менструалниот циклус предизвикува болка.


Едно истражување покажува дека ПМС-от е предизвикан од воспаление предизвикано од протеинот CRP. Ова покажува дека можеби најдобар начин за борба против симптомите можеби е употребата на лекови против воспаление.

Истражувањето објавено во „Journal of women's health“ било спроведено на 3.302 жени и открило дека споменатиот протеин е поврзан до симптомите од менструалниот циклус. Претходно истражување за овој протеин и неговата поврзаност со срцевиот удар покажало дека протеинот е поврзан со воспалението.

Според авторот на истражувањето, предменструалните симптоми со расположението, болката во грбот и грчевите во стомакот, зголемување на апетитот, покачување на тежината и болка во градите, но не и главоболката, се значително и позитивно поврзани со зголемените нивоа на протеинот, кој покажува воспаление.

Истражувањето покажува и дека факторите кои се поврзани со секој симптом се комплексни, но воспалението можеби игра значајна улога во повеќето од нив. Истражувачите им препорачуваат на жените да одбегнат активности кои предизвикуваат воспаленија, со што би можеле да се намалат симптомите.

„Индепендент“ пишува дека околу 80% од жените кои имаат менструација имаат предменструални симптоми, односно ПМС.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје