X
 22.06.2016 Наука

Научниците се на прагот да откријат мегаструктури на вонземјани

Една од најнеобичните ѕвезди во нашата галаксија, „KIC 8462852“ е предмет на голем интерес во последните неколку месеци.

 

ѕвезда


Ѕвездата привлече внимание минатиот октомври, кога научниците од универзитетот Јеил откриле необични флуктуации на нејзината светлина.

Некои теории велат дека околу ѕвездата се наоѓа џиновска структура направена од интелигентните вонземјани, но мистеријата наскоро може да биде решена, бидејќи се собрани средства за подетални истражувања.

Д-р Табета Бојаџијан од Јеил на 18 мај започнала кампања на „Kickstarter“ која ја достигна својата цел - успеа да собере 100.000 долари. Средствата ќе бидат за истражувањето на „најмистериозната ѕвезда во галаксијата“ која веќе четири години ја следи телескопот „Kepler“.

Следејќи ја ѕвездата, астрономите два пати (во 2011 и 2013 година) го забележале необичното однесување на нејзината светлина.

Кога планетата кружела околу ѕвездата, интензитетот на нејзината светлина обично се намалувал за околу 1% но ѕвездата тогаш имала 22% помал интензитет, што укажува дека покрај неа, во некој момент веројатно поминало нешто големо. Во некои случаи, флуксот паднал на 20% од почетната вредност и тоа во траење помеѓу 5 и 80 дена.

Најнеобичните флуктуации се состоеле од десетина нерамномерни, неприродни опаѓања на интензитетот на светлината во текот на период од 100 дена, што наведува на заклучокот дека во тој период покрај ѕвездата поминувал огромен предмет со неправилна форма, делумно блокирајќи го поминувањето на светлината.

„Никогаш не сме виделе ваква ѕвезда. Доста е чудно. Мислевме дека со податоците нешто не е во ред, но излезе дека мерењата се извршени како што треба“, вели Д-р. Бојаџијан.

Таа со колегите користи „LCOGT“, единствена мрежа на телескоп на Земјата со која управува голем тим на научници.

Според некои претпоставки, феноменот е предизвикан со поминување јато комети, а едно истражување ја вклучува и можноста на постоење на вештачка структура на вонземјаните во близина на ѕвездата. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука