X
 22.06.2016 Живот

Временска прогноза: Продолжува сончевото и топло време

Денес е среда, 22 јуни 2016 година, 174-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:54, а ќе зајде во 20:15 часот. Денот ќе трае 15 часа и 21 минутa.



Под влијание на поле на висок воздушен притисок ова утро во Македонија е сончево и топло, насекаде над Македонија е ведро, без облаци.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес ќе биде претежно сончево со  услови појава на слаба локална облачност во крајните западни предели и топло. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 13 до 22 степен, додека пак максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 28 до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува доумерен слаб северен и североисточен ветер. Утринската температура од 20 степени, а максималната дневна до 36 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во четврток и петок ќе продолжи сончевото и надпросечно топло време со максимални температури кои ќе се движат од 28 до 38 степени. Во сабота претежно сончево со локална облачност и топло, во доцните попладневните и во вечерните часови во југозападните и западните предели нестабилно со локални врнежи од дожд и дневни температури од 28 до 38 степени. Во недела претежно сончево и топло, попладне нестабилно со врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат изразени во западните предели. Температурите од 26 до 36 степени.

Извор:weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот