X
 23.06.2016 Образование

Уписи 2016/17 - На УКИМ има место за 10.535 нови студенти

УКИМ вчера го објави конкурсот за уписи на нови студенти.


На УКИМ има вкупно 10.535 места за нови студенти. 6.606 од овие места се наменети за државна квота, 2.819 со кофинансирање, а 1.110 се за вонредно студирање.

На техничко-технолошките науки има вкупно 3.430 слободни места за нови студенти, од кои 2.290 во редовна државна квота, 1.012 со кофинансирање, а 125 вонредно.

На природно-математичките науки има 1.180 слободни места, од кои 555 во државна квота, 370 со кофинансирање, а 255 вонредно.

Најмногу слободни места има во општествените науки - вкупно 3.525, од кои 2.295 се во државна квота, 745 со кофинансирање и 485 вонредно.

Кога станува збор за медицинските науки и здравството понудени се 1.025 слободни места, од кои 670 во државна квота, 305 со кофинансирање и 50 вонредно.

Во биотехничките науки има 1.195 слободни места на факултетите - 705 во државна, 295 со кофинансирање и 195 вонредно.

Најмалку места има на уметничките факултети - вкупно 180. 91 се за државна квота, 89 со кофинансирање, а вонредно нема. 


Факултетите со најмногу понудени места за нови студенти се: Природно-математички (1.180), Машински (890), ФИНКИ (990), Економски (890), Филозофски (725), Филолошки (845), Медицински (730), Факултет за земјоделски науки и храна (860) и ФЕИТ (650). Првиот рок за пријавување на кандидатите е 18. и 19.8.2016, вториот е на 5.9.2016 и третиот е на 15.9.2016.

Првиот рок за пријавување на кандидатите е 18. и 19.08.2016, вториот е 5.9.2016, а третиот е 15.9.2016.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование