X
 23.06.2016 Живот

Временска прогноза: Во Македонија денес не` очекува уште еден натпросечно топол летен ден

Денес е четврток, 23 јуни 2016 година, 175-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:54, а ќе зајде во 20:15 часот. Денот ќе трае 15 часа и 20 минути.



Во поголем дел од Македонија ова утро е претежно сончево и топло. Понедекаде во централните, како и во северозападните предели има зголемена облачност која пак условува и повисоки утрински температури.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес не очекува уште еден надпросечно топол летен ден. Ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 14 до 23 степени, додека пак максиамлните дневни температури ќе се движат во интервал од 28 до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува доумерен слаб североисточен ветер. Утринската температура од 20 степени, а максималната дневна ќе достигне до 36 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне во северозападните, западните и југозападните со услови за слаби локални врнежи. Максималните температури од 28 до 38 степени. Идентични максимални температури ќе имаме и во сабота кога ќе преовладува претежно сончево и топло време. Во недела претежно сончево со локална облачност, попладне во северозападните и југоисточните предели со услови за врнежи од дожд и грмотевици. Дневните температури од 27 до 37 степени. Во понеделник претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне со врнежи од дожд и дневни температури кои ќе се движат од 27 до 37 степени.

Извор: weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот