X
 26.06.2016 Технологија

Паметен часовник совршен за малите деца и нивните активности

Миењето на забите за повеќето деца е нешто што не обожаваат да го прават. Нивните родители се чувствуваат како да се на натпревар во борење во бањата. Меѓутоа, овој нов паметен часовник наречен Octopus за деца од 3 до 8 години има за цел да им помогне со оваа и други секојдневни навики.

 

1


Часовникот за кој моментално има кампања на Kickstarter, собра околу 230.000 долари - повеќе од четири пати од нивната цел која беше 50.000 долари. Ова докажува дека родителите и тоа како се заинтересирани и бараат помош со оваа навика.

Часовникот има три функции. Тој служи како часовник, ги учи децата да го кажуваат времето користејќи аналоген и дигитален часовник и може да служи како распоред со кој ќе ги известува децата кога е време за одредени активности: кошаркарски тренинг, време за капење, хранење на мачката и слично.

„Истражувањата покажуваат дека децата под 8 години не го сфаќаат концептот за времето, такашто за нив е тешко да запомнат што да прават кога ќе дојде одреден дел од денот“, вели компанијата во кампањата. „Ние го дизајниравме првиот часовник кој им помага подобро да сфатат како родителите од нив очекуваат да го користат времето. Веруваме дека со ова ќе им помогнеме на децата да формираат добри навики и ќе преземат одговорност за нивните постапки“.

 

Паметниот часовник е контролиран од iOs или Android апликација. Доаѓа индивидуализиран, со распоред врз основа на годините и изборна функција која на детето му овозможува да отклучува значки. Родителите можат да се поврзат преку Bluetooth, да го програмираат часовникот на три различни начини - па така часовникот може да биде базиран на икони или базиран на текст, во зависност од развојната фаза на детето. Исто така, може да се синхронизираат два различни телефони или часовници што значи дека часовникот е доволно флексибилен за да им дозволи и на двата родители да соработуваат во програмирањето.


Octopus беше развиен од ко-основачите на ЈОУ, Сем Хикман и Омар Алаоуф, за време на тримесечната програма во Шензен, Кина. Нивното финансирање на Kickstarter започна во 2016 година, а компанијата планира да ги пушти во продажба првите часовници во ноември 2016 година. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија