X
 27.06.2016 Култура

Прашања на кои треба да одговори последната епизода од "Game of thrones"

Внимание, спојлери!Текстот во продолжение содржи спојлери за најновата епизода од 6-та сезона на „Game of thrones“.

 

трон


Ни преостанува уште една епизода од 6-та сезона на мегапопуларната „Game of thrones“. Серијата ни овозможи многу акција и насилство во претпоследната „Battle of the Bastards“, меѓутоа финалето треба да направи нешто многу поважно: да одговори на многу прашања кои се провлекуваат низ серијата како еден вид на мистерии.

Секако, серијата не може да одговори на сè (за тоа ќе бидат потребни повеќе епизоди) меѓутоа фановите се надеваат дека финалето ќе разјасни неколку работи. На пример...

Каде оди Арја?

 

1


Во 8-та епизода, младата Старк изјави дека се враќа „дома“. Дали тоа значи Винтерфел кое штотуку беше освоено од Џон и Санса од Ремзи? Или се враќа воопшто во Вестерос со цел да се одмазди на уште неколку луѓе од нејзината листа за одмазда? После убиството на Ваиф и соочувањето со Жакен, таа изјави: „Девојката е Арја Старк од Винтерфел, и јас си одам дома“.

Дали Денерис навистина заминува за Вестерос?

 

2


Денерис сега ја поседува најголемата армија, поддршка од куќите во Вестерос, доверливи советници и контрола над нејзините змејови. Дали е подготвена да оди дома? Може да се забележат знаците кои серијата ги даде оваа сезона - Денерис станува се' постуден и побезмилосен лидер. Нејзиниот говор додека го јаваше Дрогон имаше одредени тирански елементи. А во претпоследната епизода, Тирион ѝ рече дека започнува да личи на нејзиниот татко - Лудиот крал. Ако Дени навистина си оди дома, дали тоа е добра работа? Дали е таа владетелот на Вестерос кој навистина е потребен? Или пак е владетел каков што заслужува Вестерос?

Кој е вистинскиот план на Марџери?

 

3


Нашата сакана кралица се чини дека целосно се преобрати - освен цртежот со ружа кој ѝ го даде на нејзината баба. Олена тоа го сфати како знак дека треба да го напушти Кингс Лендинг но што тоа значи? Дали Марџери ќе продолжи да глуми (мора да е глума) и дали сето тоа е еден вид на заговор за да се ослободи од Хај Спероу? Со оглед на нејзината историја на заговори и манипулација, таа мора нешто да чува во ракавот.

Дали Серсеј ќе биде прогласена за виновна?

 

4


Нема повеќе судење со борба, такашто Планината не би можел да ѝ помогне на Серсеј. Кој е следниот потег на Серсеј? Доколку анализираме и бараме кој следен главен лик ќе умре, Серсеј и Томен се во најголема опасност. И уште едно прашање: Кој ќе го преземе Железниот трон ако умре Томен? Дали е неговиот братучед Лансел?

Кој е планот на Литлфингер?

 

5


Бејлиш се појави во претпоследната епизода придружуван од Санса и со Витезите на долината. Што тој очекува за возврат од Санса и Џон? Дали веројатно брак со Санса?

Дали Блекфиш е навистина мртов?

 

6


Немојте да верувате во се' што ќе се каже во серијата. Која е целта да се плати актер да се врати во серијата, ако не е тоа за некоја поголема цел?

Дали уште не' интересира што се случува со Дорн?

 

7


Лесно прашање. Не!

Кои се родителите на Џон Сноу?

 

8


Брен и Триокиот гавран не' одведоа близу до Кулата на радоста, односно замокот каде Лијана Старк се наоѓаше за време на бунтот на Роберт. Веројатно сте слушнале за теоријата R+L=J досега, со што се докажува дека Џон е потомок на Лијана и Регар Таргариен. Светот мисли дека Регар ја киднапирал и силувал Лијана, меѓутоа дознавме дека дел од приказната е лажен (оној кога Нед го победил легендарниот Артур Дејн, а всушност го Дејн умре од мечот на неговиот другар). Ако ова е лажно, можеби киднапирањето и силувањето е исто така лажно. Ако Лијана и Регар имале односи, тогаш можеби таа починала додека се пораѓала, и Нед за да го заштити Џон изјави дека е негов син. Ако Бран го следи неговиот татко до Кулата, тој можеби ќе ја дознае вистината.

Дали да се очекува доаѓањето на Лејди Стонхарт?

 

9


Иако можеби ова е само фантазија, но со оглед на тоа што воскресенијата и враќањата се толку чести во оваа сезона, тогаш можеби и ова ќе се случи. Во книгите Кејтлин Старк е вратена од Торос после Црвената свадба како одмазничка верзија од себеси и таа станува позната како Лејди Стонхарт. Врз основа на книгите, ова требаше да се случи во 4-та сезона, меѓутоа не се случи. Продуцентите изјавија дека таа воопшто нема да се врати, но кога ќе размислиме, изјавија и дека Џон Сноу е мртов.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура