X
 28.06.2016 Наука

ОДБРОЈУВАМЕ: Седум дена до влегувањето на Јуно во орбитата на Јупитер

јуно 

 

Јуно ги одбројува седумте дена до влегувањето во орбитата на Јупитер. На 31 мај, сондата ја премина границата помеѓу сончевата гравитација и гравитацијата на Јупитер.


Ова исто така го означи почетокот на маневрирањето кон орбитата со што ќе навлезе скоро 5.000 километри во гасовитите облаци кои го обвиваат Јупитер.

Јуно е вистински ѕвер. Голем дел од неговата тежина од 3.640 килограми служи како негова заштита од радијацијата на планетата. Ова е една од најлошите средини кои зрачи радијација во Сончевиот систем. Само штитот околу сондата тежи повеќе од 170 килограми.

НАСА вели дека возбудата започнува со 35 минутното работење на главниот мотор а орбиталното вметнување. После тоа, започнува науката. Сондата има за задача да собере информации за структурата на Јупитер, неговата атмосфера и магнетосфера. Сондата ќе остане во орбитата до февруари 2018 година, кога ќе излезе од неа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука