X
 28.06.2016 Наука

Откриено магнетно "шесто сетило" кај луѓето?

Истражувач од Америка смета дека можеби конечно пронашол докази за шесто сетило кај човекот - способност да детектира, на некој потсвесен начин, магнетно поле на Земјата.

 

сетило


Способноста да се почувствува магнетното поле на Земјата е потврдено кај птиците, инсектите и некои цицачи. Тие го користат сетилото за да мигрираат и да се ориентираат со светот околу нив, но сега геофизичарот од Калифорнискиот институт за технологија, Џо Кришвинк вели дека го идентификувал и кај луѓето за прв пат.

Кршивинк тврди дека неговите резултати можат да се повторат и утвдат - нешто што претходните експерименти не успеале да го направат. Кришвинк досега ги претставил резултатите само на 24 учесници на малото тестирање, и сe'уште е во процес на пишувањее на трудот, така што се'уште за него нема рецензија.

Тој доби 900.000 долари финансирање и работи со лаборатории во Јапонија и Нов Зеланд за да им помогне да го потврдат неговиот пронајдок. И покрај тоа што тврдењата за човековата магнетоперцепција била разоткриена пред тоа, експертите смтеаат дека ова може да е вистинското.

„Џо е многу паметен човек и внимателен експериментатор“, вели физичкиот хемичар Питер Хор од Универзитетот во Оксфорд - лидер во магнетоперцепциското поле кој не е вклучен во истражувањето. „Тој немаше да го претстави неговото истражување ако не беше уверен дека е во право. А тоа не може да се каже за секој научник во оваа област“, вели Хор.

Но како луѓето се во можност да детектираат магнетно поле кое не можат да го видат со сопствени очи? Знаеме дека моментално оваа вештина ја користат и кучињата, и глувците и кртовите кои ги градат своите гнезда по должината на линиите на магнетното поле. Но, постојат спротиставени ставови за тоа како тие точно го прават.

Постојат две водечки хипотези кои го објаснуваат основниот биолошки процес на магнетперцепцијата: едното размислување вели дека магнетното поле на Земјата би можело да предизвика реакции во протеините наречени криптохроми. Овие протеини се пронајдени во ретината на птиците, кучињата па дури и луѓето, меѓутоа се'уште не е јасно како тие ги „хранат“ магнетните информации назад до мозокот.

Друга хипотеза вели дека постојат рецепторни клетки во телото кои содржат мали „игли на компас“ направени од минерал од магнетно железо познат како магнетит, кои се ориентираат себеси според магнетните полиња на Земјата. Магнетитот може да се најде во клетките во клунот на птиците и носот на пастрмката, меѓутоа не постојат доволни докази за целосно да се објасни способноста.

Кришвинк е поголем поддржувач на втората хипотеза, меѓутоа неговиот вистински интерес не е да открие што се случува, туку да покаже дека магнетоперцепцијата се случува и кај луѓето. Проблемот со претходните експерименти е дека тие не успеале да бидат повторени - се смета дека причината за тоа е што магнетните пречки ги попречуваат резултатите.

За да ја отстрани променливата, Кришвинк го создал таканаречениот „Фарадеј кафез“ - тенка, алуминиумска кутија која може да покаже електромагнетен шум во позадина со помош на намотки од жица. Во кафезот, луѓето седат во темнина и се изложени на чисто магнетно поле без мешање ниту пак некој друг стимул.

Кришвинк ги поврзал кандидатите со EEG монитори за да ја мапира активноста на нивниот мозок, а потоа применил ротирачко магнетно поле, со слична сила како на Земјата, за да види дали мозокот покажува индикации за откривање на промени.

Тој успеал да покаже кога магнетното поле се врти спротивно од часовникот и постои пад во алфа брановите на учесниците.

Се'уште има многу работа - тим од Јапонија сега го реплицира експериментот, а лабораторија во Нов Зеланд започнува со сопствено истражување следејќи го истиот протокол. Потоа резултатот треба да биде прегледан од други истражувачи во областа и објавен во списание за да се направи негова рецензија. Како што вели Кришвинк: „Магнетоперцепцијата може да биде нашето првобитно сетило“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука