X
 29.06.2016 Забава

Универзални вистини за училишните фотографии

Често пати училишните фотографии се доста ужасни и веројатно најлошите слики некогаш направени од децата, и сите тие се проследени со следните универзални правила кои се повторуваат со секоја училишна фотографија.

 

1


1. Вашето дете ќе ве потсети дека се сликаат на училиште утрото пред фотографирањето. Ова е утрото кога вие одлучувате како вашето дете ќе изгледа во косата и вие ќе бидете виновни доколку вашето дете изгледа ужасно.

2. Барем два пати во текот на нивното детство вашето дете ќе биде „тоа дете“. „Тоа дете“ е детето кое носи чорапи и покрај инструкциите да не се носат чорапи. Или детето кое не носи униформа, и покрај тоа што наставничката два пати повтори да се носи униформа.

3. Наставникот секогаш ќе изгледа убаво и насмеано.

4. Забот кој се нишаше во изминатите шест недели ќе падне токму утрото кога вашето дете ќе треба да се фотографира, такашто ќе изгледа прилично лошо.

5. Секогаш постои едно дете кое изгледа глупаво - вашето дете.

6. Секогаш ќе ви биде жал за детето кое носи очила.

 

2


7. Кога вашето дете ќе стигне до пубертет, ќе се восхитувате на чудата на фотошоп Секоја акна отстранета, меѓутоа вашето дете изгледа толку бледо како да живее во Исланд.

8. Знаете дека еден ден вашето дете ќе порасне и ќе ги гледа сите тие училишни фотографии и ќе се смее како лудо.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава