X
 30.06.2016 Здравје

Што треба да знаеме за бактериите во нашиот стомак?

q

 

Истражувањата велат дека микробиомот игра голема улога во одредувањето на се', од тежината на однесувањето па до работи кои ние се'уште не ги знаеме.


Како и сомнителните здравствени совети на интернет, постојат и многу други теми за кои интернетот е еден вид на експерт. Темата која некогаш се сметаше за досадна и табу, денес и тоа како е популарна: бактеријата во стомакот. Во изминативе децении, интересот на научниците за оваа бактерија е зголемен. Ние се'уште само имаме гребнато на површината на микробите, меѓутоа постојат докази дека овие бактерии постојат во нас и играат важна улога во нашето физичко и психичко здравје.

Ова се совпаѓа и придонесува во промената на начинот на кој размислуваме за метаболизмот и губењето на тежината. Во истражување неодамна објавено во „Obesity“, истражувачите следеле поранешни натпреварувачи на тв шоуто „The Biggest Loser“ околу 6 години; директно откако се појавиле на шоуто, сите 14 учесници тежеле значително помалку отколку што тежеле кога започнало шоуто. За жал, тие исто така имале согорено помалку калории отколку личноста која тежела колку нивната нова тежина, промена која опстојувала со години после првото губење на тежината. Истражувањето заклучило дека сите, освен еден учесник повторно ставиле килограми, а поголемиот дел од нив ги вратиле тие што ги изгубиле.

Иако резултатите беа ужасни, тие помогнале да се објасни зошто на толку многу луѓе им е тешко да ја одржуваат тежината. Корените се многу покомплексни и не се диктирани само од исхраната и нивото на активност, туку и од метаболизмот, хормоните и секако - бактериите во стомакот.

Со децении способноста на научниците да го проучува микробиомот беше ограничена, бидејќи поголемиот дел од бактериските соеви не можеле лесно да се одгледуваат во лабораторија. Бактериите се гледале со сомнеж, и тоа поради разбирлива позиција: тие се пренесуваат преку столицата и се одговорни за ширење на болести како што се тифус, ешерихија коли и хепатит А.

Поттикнати од доаѓањето на третата генерација на технологија на ДНК во средината на 90-тите, евтината идентификација на микроби преку генетски код овозможи ренесанса во истражувањето на бактериите. Сега знаеме дека иако некои бактерии се патогени и опасни, поголемиот дел од 100 трилиони микроби кои живеат во нас се или безопасни или неопходни за живеење на здрав живот.

Дел од работата на Д-р Лита Проктор е да ѝ зборува на јавноста за бактериите. Кога започнала како програмски директор за проектот Човечки микробиом, федерална иницијатива за идентификување и карактеризирање на бактериите во стомакот на човекот, повеќето луѓе мислеле дека микробите се бактерии и патогени. Сега, кога се' поголем број на луѓе се заинтересирани, за позитивното влијание на „добрите“ бактерии кои го имаат врз здравјето.

„Секое истражување кое сме го направиле покажало дека дебелите луѓе имаат различни бактерии отколку слабите луѓе“, вели Тим Спектор, генетички епидемиолог. Во принцип, поединците кои имаат здрава тежина имаат повеќе робусно и разновидно население на бактерии.

Истражувачите се на самиот почеток да ги разоткријат специфичните начини на кои бактериите на слабите се разликуваат од бактериите на дебелите. Том Спектор беше лидер во истражувањето кое го споредувало микробиолошкиот состав на идентични близнаци во парови, каде еден близнак бил дебел, а друг слаб. Освен што имале различен микробиолошки состав отколку нивните подебели браќа, слабите близнаци имале значително повисока популација на „Christensenellaceae“. Кога овие бактерии биле трансплантирани кај глувците, глувците имале помала тежина од оние на кои не им биле трансплантирани.

Земено во предвид, истражувањето покажува дека микробиомот и метаболизмот се поврзани. Но, како човек може да ги одржува бактериите во стомакот здрави? „Знаеме дека храната игра голема улога, особено храната богата со растителни влакна“, вели Спектар.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје