X
 30.06.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Од понеделник пад на температурите



Денес е четврток, 30 јуни 2016 година, 182-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:57, а ќе зајде во 20:15 часот. Денот ќе трае 15 часа и 18 минути.

Во Македонија ова утро имаме сончево и малку посвежо утро од вообичаените за овој период од годината. Насекаде над Македонија е ведро, без никаква облачност.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денеска под влијание на поле на висок воздушен притисок ќе биде сончево и топло со пораст на максималните температури кои ќе бидат повисоки од вчерашните. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 10 до 20 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 25 односно до 37 степени. Ув индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде сончево и топло. Слаб ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во попладневните часови услови за врнежи од дожд ќе има околу регионите на Шар Планина, Ниџе, Кожуф, Беласица како и во Малешевијата. Максималните температури од 26 до 38 степени. Во сабота и недела во поголем дел од Македонија ќе имаме претежно сончево време со локална облачност и топло, а во попладневните часови во западните и северозападните предели со услови за врнежи од дожд. Максималните дневни температури од 27 до 38 степени. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и посвежо со пад на температурите кои ќе достигнат до 21 односно до32 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот