X
 04.07.2016 Образование

Ќе се менува Статутот на УКИМ, Пленумот незадоволен бидејќи студентските избори не се поништени

Ректорката управа на УКИМ на денешната вонредна седница за спроведените избори за претседател на СПУКМ одлучи да формира комисија која ќе ги разгледа сите факти за спроведените избори и ќе предложи заклучоци. Иако ректорската управа ги оцени изборите како: “скандалозни кои ескалираа со физички пресметки и вмешување на МВР кои не биле повикани од одговорните лица на Универзитетот“, сепак изборите не се поништени, а Ректорската управа потенцира дека нема ингеренции во поглед на изборот на студентски лидер.



Управата предложи итна измена во Статутот на УКИМ во делот на студентското организирање, да се овозможи и правен основ Ректорскатаи деканската управа да учествуваат при одганизирање и спроведување избори од страна на студентски организации. Одлучија и УКИМ и Студентскиот парламент активно да се вклучат во подготовката на статутарните измени и да престане секој вид на партизација и политичко манипулирање со студентите.

Сите овие предлози беа на предлог на деканот на Правниот факултет Борче Давитковски, но Ректорската управа одби да го вметне во заклучоците и предлогот, изборите да се поништат и Кирил Спировски да остане претседател на СПУКМ се до септември од кога и би функционирале новите измени во студентското организирање. Давитковски затоа ја напушти седницата и посочи дека не се согласува со формирање на комисии.

И членовите на Студенсткиот пленум сметаат дека дополнителни комисии кои ќе се оценува што се  случило, нема да го решат проблемот. Тие сметаат дека СПУКМ нелегитимно и криминално избра нов лидер и дека УКИМ веднаш терба да ги исклучи од своите редови студентските претставници во Сенатот.
Подготвил: М.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование