X
 06.07.2016 Образование

Ивана Недевска, добитник на Инженерски прстен: Ќе го употребам знаењето во решавање практични проблеми

Факултети.мк во серија на интервјуа ќе ви ги претстави сите добитници на Инженерскиот прстен за 2016-та година.


Ивана Недевска

1. Како студент на Градежниот факултет, Вие сте добитник на Инженерскиот прстен, најпрестижната инженерска награда во Македонија. Што претставува оваа награда за Вас?

- Самото студирање на Градежниот факултет беше огромен предизвик и големо задоволство. Токму поради овој факт, преголема е честа да бидеш носител на најпрестижната инженерска награда – Инженерски прстен, која се доделува на најдобриот студент на овој факултет. За мене и на професионален и на приватен план, ова претставува дополнителен поттик за понатамошен професионален развој и за дополнување и зголемување на знаењата на полето на градежништвото. Со новите технологии и алатки се отвораат хоризонти кои ќе ни овозможат подобро совладување на практичните проблеми.

2. Како ќе ја искористите наградата во вашиот професионален живот?

- Награда претставува потсетник за успехот кој го постигнав во текот на студиите. Поради тоа, самата награда ќе ја искористам како мотивација за понатамошно надградување на моето знаење, што ќе придонесе за примена на постоечките и новостекнатите знаења на професионален план и секако употреба на знаењата во разрешување на практичните

3. На кој начин ќе придонесете во развојот на македонското инженерство? Имате ли визија и зацртани цели што сакате да постигнете?

- Велиме дека успехот е загарантиран и целосен само кога се применуваат совладаните знаења. За да се постигне развој во инженерството, неопходно е да се следат новите светски техники и материјали, кои се користат со цел да се добијат подобри резултати во секоја инженерска дисциплина. Токму поради тоа, секој од нас треба да се стреми кон надградување и зголемување на своите знаења за да постигне поголеми успеси. Мојата визија на локално и на глобално ниво е ние, младите инженери кои сме носители на оваа престижна награда, да се стремиме да оставиме белег во нашите професии. Нашето стекнато знаење и знаењето кое секојдневно го добиваме треба да се искористи во понатамошниот развој. Да не заборавиме дека знаењето нема граници, а самиот овој факт да биде мотив за надградување на нашето

4. Дали како добитници на Инженерски прстен веќе соработувате со другите колеги? Или размислувате ли за соработка во рамки на Клубот на добитници?

- Со останатите колеги секако ќе бидеме во контакт, бидејќи секоја соработка е добредојдена. Техничките науки се зависни една од друга и се надевам дека ќе произлезе добра соработка во периодот што доаѓа.

5. Колку предлозите на Инженерската институција на Македонија за ваше стипендирање и идно вработување ќе Ви го олеснат патот во научните води?

- Презадоволна сум од предлогот на Инженерската институција на Македонија за стипендирање и вработување на студентите со висок просек. Самото стипендирање претставува награда за постигнатиот труд и мотив за понатамошно учење. Вработувањето секако е голем плус за секој студент и ќе овозможи напредување и градење кариера во областа што ја одбрал.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование