X
 07.07.2016 Живот

Балканец со IQ од 180 ги повикува политичарите на тест за интелигенција

Зоран Бијаќ е 51-годишен Хрват кој има коефициент на интелигенција од 180. Бијаќ се наоѓа на 14то место на листата на Светски генијалци, најрелевантната листа на најинтелигентни луѓе на светот.


„Високиот коефициент на интелигенција зборува за многу широкиот спектар на идеи кои се вртат по вашата глава, вклучувајќи го и апстрактното мислење. Тоа значи дека на ум ви доаѓаат работи кои на другите не им паѓаат. Ако некоја од тие идеи се остварат, тогаш високиот коефициент ја исполнува својата цел“, вели Бијаќ за „Вечерњи“.

Тој неодамна ја отворил својата интернет-страница globeiq.net, со намера да ги промовира најголемите страсти: тестовите на интелигенција и патувањето. Тој работел на берзата и станал богат, а благодарејќи на тоа, патувал низ половина свет. По сите патувања, тој вели дека му се сменил и погледот кон родната земја, Хрватска.

„Под број еден, живееме на фасцинантно место на Земјата, а за тоа воопшто не сме свесни, толку сме негативно насочени. На мало подрачје имаме три видови клими и се' во умерен појас, тоа е чудо! Потоа развиени сме ниту премногу ниту премалку. Имаме простор за раст“, вели Бијаќ.

Со оглед на тоа што Хрватска се наоѓа пред избори, Бијаќ советува што треба да се направи. Тој вели дека квалитетниот пристап на изборите е клучен. Тој смета дека тестовите на интелигенција би помогнале при именувањето или изборот на луѓе на јавни функции, за министри, директори на јавни претпријатија и собраниски застапници.

„Би било добро сите тие да имаат барем малку натпросечна интелигенција“, вели Бијаќ.

Тој има тест за проверка на коефициент на интелигенција. Обидете се да го решите.

Секое точно решение носи еден поен. Објаснување: Бројките во заградите означуваат дел кој се повторува бесконечно: 1.(2345) значи 1.234523452345… Своите решенија испратете ги на zoranbijac@globeiq.net. Тестот го проверува самиот автор, а резултатот може да го очекувате за една недела.

1) 5, 9, 13, ?, 21

2) 1, 6, ?, 216

3) 1, 4, 9, ?, 25

4) 5, 6, ?, 8, 10, 9

5) 8910, ?, ?, 111213, ?, 131415

6) A, L, W, ?, S

7) 1, 23, 456, ?, ?, 131415

8) 50505, 191919, 242424, 434343, 676767, ?

9) 1111111, ?, 1000, 1

10) 112, 105, 91, ?, 42

11) 1.1, 2.2, 4.4, 8.8, 17.6, ?, 101

12) 38, 358, ?, 312352358

13) 67, 55, 35, 23, 11, ?

14) 1234321, 26121262, 362464364, ?

15) 94, 55, 16, 76, 37, ?

16) 3, 6, 7, 10, 41, ?, ?

17) 2, 3, 5, ?, ?, ?, 23

18) 111213, 141516, 171819, ?, ?, 443444445

19) 1, 3, 3, 9, 27, 81, ?, ?

20) 123456789, 3711159, 38214, ?, ?, 9

21) 2, ?, 20, ?, ?, 200, ?, ?, ?, 2000

22) 8, 18, 36, ?, 77

23) 682, 484, 322, ?

24) 1234, 1342, 4132, 1234, ?

25) 6, 912, 124, 48, 716, ?

26) 0.(142857), 0.25, 0.(3), 0.4, ?, 0.5

27) 133, 429, 1218, 216, ?

28) 8, 16, 218, 4332, ?

29) 1, 3, 6, 18, 21, ?, ?

30) ABC, DEF, GHI, AABB, ?, ?, BABA

31) 1, 16, ?, ?, ?, 2, 5, ?, ?, ?, 3, ?, 6, ?, ?, 4

32) 16, 37, 58, 89, 145, ?, ?, 4

33) 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, ?, 31

34) 2, 0.75, 30, ? 35) 1, 2, 5, 04, -101, ?

36) 1234, 357, 881212, 9999999333, ?, 33333333333

37) 1234, 1243, 1342, 2341, ?

38) 123456789, 516273849, ?, ?, 246813579

39) 4, 6, 9, ?

40) CROATIA, ?, MHA, DI, M, D


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот