X
 07.07.2016 Наука

Научниците пресметаа колку време ни остана

Тимот на научници од Харвард и Оксфорд пресметаа колку долго може да постои животот околу ѕвезда со поволна клима за живот.

 

научници


Периодот во кој може да се развие живот во близина на ѕвездата директно зависи од должината на животот на самата ѕвезда, наведува истражувањето на научниците од Универзитетите Харвард и Оксфорд.

Исклучок се само ситуациите во кои ѕвездите го прекинуваат своето постоење од неприродни причини, на пример поради судар со небесните тела или под влијание на други сили.

Според податоците од истражувањето, животот може да настане во подрачје на ѕвезда која има 0.08 до 3.7 од тежината на сонцето. Притоа, тежината на ѕвездата е обратно пропорционална со должината на животот - колку е полесна ѕвездата, толку подолго ќе постојат живи организми.

Најраспространетите ѕвезди во универзумот се црвените џуџиња. Тие се карактеризираат со мала тежина, можат да постојат и да го поддржуваат животот околу себе 10 милијарди години.

Ѕвездите кои личат на сонцето, во процесот на својата еволуција преживуваат различни стадиуми на развој, а потоа преку 10 милијарди години се претвораат во бели џуџиња. Во текот на секој од овие периоди ѕвездата може да создаде неповолни услови за живот за околните планети, се наведува во истражувањето.

Процесот на формирање на ѕвезда започна 30 милиони години после Биг Бенг. Планетарните системи започнале да се појавуваат многу подоцна - откако експлозиите формирале нови генерации на ѕвезди.

Научниците веруваат дека тоа е точката на постоење на живот во вселената, која се ограничува со времетраењето на најстабилни ѕвезди, односно околу 10 милијарди години, од кои може да се пресмета колку време ни остана.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука